Римското дерби од 18.30 часот од безбедносни причини

Вечното римско дерби помеѓу Лацио и Рома кое е на програмата во недела ќе почне во 18.30 часот, наместо во првично предвидениот вечерен термин од 20.45 часот, објави Италијанската фудбалска федерација ФИГЦ, на барање на челниците на градската власт во „вечниот град“

 |  Маја Савиќ  | 
calcio
калчо

lACIO VS ROMAПричина за поместувањето на терминот се безбедносните причини, затоа што попладневен термин е полесен за организација на мечот, пред се од полициски аспект и за следење на тифозите на двата тима.

Вечната пресметка, која е една од најголемите десет градски ривалски дуели во светот, секојпат носела голема тензија и инциденти помеѓу навивачите, па полицијата има огромни проблеми за да излезе на крај со тифозите на лацијалите и римјаните.

Мечот добива и повеќе на значење и од друг аспект. Рома се бори за титула, а Лацио за опстанок, па дербито има посебно и големо значење за двете екипи, освен престижот и владеењето со престолнината.

Минатата година дербито заврши со победа на Рома со 1-0, но мечот имаше десетминутен прекин поради големо количество на пиротехника кое беше искористено и фрлено на теренот. Пред шест години, едно дерби не се одигра откако лажна информација за убиство на млад навивач на Рома предизвика прекин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top