Фудбалските ѕвезди на Баерн Минхен и на Реал Мадрид, француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема се ослободени од обвиненијата во аферата за малолетничка проституција. Француското обвинителство ги повлекло обвинувањата откако е утврдено дека двајцата не можеле да ја знаат возраста на мароканската проститутка Захија Дехар, која во 2009 година, кога имала 16-години неколкупати имала сексуални односи со Рибери и Бензема.
По обелоденувањето на скандалот двајцата фудбалери, кои првин негираа дека имале нешто со елитната париска проститутка, за потоа да признаат дека повеќепатпи биле со неа, се најдоа под огромен притисок на јавноста, која бараше остри санкции, исфрлање од националниот тим на „триколорите“.
Рибери беше под дополнителен удар од неговата сопруга, која на крајот сепак му ја прости аферата, по што ѕвездата на Баварците успеа да го спаси бракот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град