Релито Дакар се сели во Јужна Америка

Традицијата продолжува, трасата се менува. Релито Дакар, годинава со нов имиџ, ќе го привлекува вниманието на вљубениците во искушенијата за машините и за возачите.
Планината Атлас и пустината Сахара се минато, мирисот на горивото годинава ќе го почувствуваат Андите и Атакама.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Традицијата продолжува, трасата се менува. Релито Дакар, годинава со нов имиџ, ќе го привлекува вниманието на вљубениците во искушенијата за машините и за возачите.
Планината Атлас и пустината Сахара се минато, мирисот на горивото годинава ќе го почувствуваат Андите и Атакама.

Поради ланските закани за терористички напади, организаторите решија релито да се пресели од Африка во Јужна Америка.

Патеката долга девет илјади километри минува низ десет аргентински и три чилеански провинции. Возачите тргнуваат ноќеска од Буенос Аирес, таму и ќе завршат на 18-ти.
Со три поранешни победници на Дакар во своите редови, Мицубиши е фаворит за осми тимски триумф во серија.

Најголемата закана за него би требало да доаѓа од Фолксваген предводен од двократниот рели шампион – Шпанецот Карлос Саинц.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top