• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Предсветски куп во параглајдерство во дисциплината прелети (крос кантри)

Предсветски куп во параглајдерство во дисциплината прелети (крос кантри)

Во Крушево од вчера па до 31-ви јули се одржува PrePWC 2009 Предсветски куп во параглајдерство во дисциплината прелети(крос кантри).

 |   | 
paragljaderist
параглајдерист

Во Крушево од вчера па до 31-ви јули се одржува PrePWC 2009 Предсветски куп во параглајдерство во дисциплината прелети(крос кантри).

paragljaderistСе работи за најголемиот досега одржан натпревар во Македонија во овој се попопуларен и резултатски поуспешен спорт во нашава земја. Убавините на Крушево и особено неговите идеални услови за овој спорт беа причина токму овдека оваа недела да се одржува еден вака престижен натпревар од највисока категорија. Потврда за високиот квалитет на PrePWC  2009 се 100 натпреварувачи од 17 земји:Македонија, Украина, Бугарија,  Србија, Австралија, Германија, Финска, Израел, Индија, Италија, Ј.Кореја, Казахстан, Нов Зеланд, Полска, Романија, Русија и Словенија, меѓу кои и моментно најдобриот во оваа дисциплина-бугаринот Јасен Савов.

Покрај во генералниот пласман за  PrePWC  2009 резултатите од 5-тте натпреварувачки дена ќе се бодуваат и посебно за Украиниан Опен 2009 и националната лига на Србија како и за Македонија Опен-Крушево 2009.

Технички организатори на натпреварот се украинскиот клуб Неар Бирдс и Параглајдинг клубот Делта од Прилеп со подршка на Воздухопловната федерација на Македонија и голема логистика на АРМ. Карактеристично за овој натпревар, покрај неговиот висок квалитет, е што за првпат организаторите ангажираа и за безбедноста на натпреварувачите ќе се грижи Единицата за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст.

Од понеделник до петок предвидени се 5 воздушни трки со полетувања од Крушево(Мечкин Камен) до различни зададени коти со старт во 12 часот. Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите е во петок 31-ви јули во 18 часот во хотел Монтана.

Ова е досега најголем одржан параглајдерски натпревар во Македонија кој доколку добие преодна отцена од ФАИ (во што организаторите не се сомневаат) догодина Македонија и Крушево ќе бидат домаќини на еден од 3-те Светски купови што се одржуваат во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top