Славната американска пливачка Ребека Сони, освојувачка на шест олимписки медали, објави дека ќе оди во спортска пензија.
Славната американска пливачка Ребека Сони, освојувачка на шест олимписки медали, објави дека ќе оди во спортска пензија.
Пливачката наведува дека планира да се посвети на својот нов начин на живот, како и да почне сопствена компанија.
Сони има заслужено најсјајно одличје на 200 метри градно на Олимписките игри во Пекинг и во Лондон, како и сребрен медал на 100 во дисциплината.
Таа беше член на мешаните штафети на САД, кои стигнаа до олимпиското злато во Кина и сребро во Англија.
Таа ќе остане запаметена како првата жена која 200 метри градно испливала под границата 2 минути и 20 секунди.
На Игрите во Лондон Сони успеа да постави нов светски рекорд во дисциплината со одлично време од 2:19,59 минути.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град