Реал на колена

Реал Мадрид поведе во првиот дел, Милан врати во вториот и со два спектакуларни пресврти дојде до победата (3-2) и ги однесе трите бода од Бернабеу.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Реал Мадрид поведе во првиот дел, Милан врати во вториот и со два спектакуларни пресврти дојде до победата (3-2) и ги однесе трите бода од Бернабеу.

Santjago Bernabe„Ме загрижува Милан, каков го гледав во дуелот против Рома, кога „росонерите“ се вратија иако во првиот дел губеа со 1-0“, рече тренерот на Реал Пеллегрини.

Такво сценариот всушност гледавме и во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Милан во третото коло од Групата Ц на Лигата на шампионите. Реал поведе со 1-0, Милан беше потполо изгубен, без вистински шанси, пас игра, додека Реал бараше втор погодок за да го реши натпреварот уште пред полувремето. Не успеа да дојде до него, за во вториот дел да стигне казната.
„Бомбата“ на Пирло од преку триесет метри го замолче Сантијаго Бернабеу. До тој момент Милан не покажа ништо. Само четири минути по првиот гол, Реал беше на колена. Погоди Пато по лошата реакција и истрчувањето на Касиљас за голем пресврт и водство на Милан од 1-2. Меѓутоа тука не беше крајот на возбудувањата. Петнаесет минути пред крајот на натпреварот Дренте успеа да даде важен гол. Тогаш Силва постигна погодок и за Милан, но не! Судијата го поништи голот со оправдување дека играчот на Милан направил фаул во напад. Тоа можеби и беше компензација, бидејќи во првиот дел судијата пропушти да досуди чист пенал за Реал, кога Замброта го собори Бензема. Но затоа Пато постигна гол чист како солза. Повторно пресврт! Милан поведе две минути пред крајот.
Во вториот натпревар од Групата Ц на Лигата на шампионите Марсеј оствари гостинска победа над Цирих. Единствениот гол го постигна Хаинце во 69-та минута од натпреварот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top