Рано е за титулата

Пилотот на Браун ГП, Рубенс Барикело не мисли дека предвреме треба да се прават пресметки за титулата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rubens Barichello
Рубенс Баричело

Пилотот на Браун ГП, Рубенс Барикело не мисли дека предвреме треба да се прават пресметки за титулата.

Rubens BarichelloTој единствено сака да се концентрира на следната трка во Формула 1 циркусот за оваа година која е и предпоследна на календарот а ќе се вози во неговиот роден Бразил.

Барикело заостанува 14 поени зад водечкиот во генералниот пласман и негов клубски колега Џенсон Батон а истовремено тој е загрозен од третопласираниот Себастијан Фетел кој исто така сеуште има шанси да се бори за титулата.

„Не сакам да правам предвреме сметки за титулата. Одам во Бразил со единствена цел, да победам и друго ништо не ме интересира“, изјави Барикело.

„Се надевам дека ќе останам во борба за титулата до последната трка и дека на крајот јас ќе бидам тој што ќе се радува на титулата. Шансите не ми се многу големи но не се ниту такви какви што беа кога заостанував 26 поени“, заврши Бразилецот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top