Ракометен плејоф спектакл за охриѓани РК Охрид 2013-РК Вардар

Ова е прв, историски настап на охридскиот клуб во плејофот. Воедно веќе од наредната сабота тие ќе ги започнат и подеднакво важните натпревари во група за пласман во фајнл форот од ракометниот куп на Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
rakomet

Охридските ракометни гладијатори во сабота со вистински ракометен спектакл. Во спортската сала „Билјанини Извори“ тие ќе го одиграат воведниот дуел од плеј оф натпреварите во македонската машка ракометна Супер лига против гигантот на македонскиот и европскиот ракомет, екипата на Вардар.

goran andonoski„Среќа или несреќа, првиот натпревар го играме против еден гигант во ракометот, во европски и светски рамки, составен од репрезентативци на Македонија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија, значи една екипа која игра годинава во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а се надевам годинава со својот квалитет ќе стигне и до фајнл фор. Не паметам кога во Охрид во некој екипен спорт, наша охридска екипа се натпреварувала со вакви гиганти, екипа која има повеќемилионски буџет, така да за нас претставува голема чест што ќе ги угостиме во Охрид и што нашите охриѓани ќе можат во нашиот град да следат еден првенствен натпревар со таква екипа.“-вели тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски.

josip kezicРакометарот од редовите на „Охрид 2013“, Јосип Кезиќ, вели дека натпреварот против Вардар е моментот кој тие ќе го одиграат храбро, иако искуството и квалитетот се на страната на гостите од Скопје.

„Тоа за нас е всушност најубавиот натпревар. Ние цело првенство немаме улога на фаворит и на натпреварите и со Металург и се носиме со тоа. Сега играме со топ екипа од Европа и нема што да изгубиме. На нас е да се покажеме во најдобро светло, да дадеме што можеме и знаеме, а резултатот нека биде како ќе биде, никој не очекува повеќе, да направиме добра атмосфера, за сите гледачи, за овој град и за целиот македонски ракомет.“-рече Кезиќ.

Интересот за натпреварите и од плеј офот, и за натпреварите по групи од македонскиот ракометен куп се огромни според спортскиот директор на РК Охрид 2013, Ѓоко Апостолов.

gjoko apostolov„Знаеме дека интересот за овој натпревар, впрочем како и за сите натпревари ќе биде огромен, јас би апелирал до сите посетители што порано да дојдат во спортската сала „Билјанини Извори“, вратите ќе бидат отворени во 18 часот со цел да се направи еден убав ред во однос на влегувањето и сместувањето. Бројот на билети кој што ќе бидат пуштени во продажба ќе биде адекватен на бројот на седишта, нема да има прекубројност или пребукираност на салата со оглед на строгите мерки и правила кои ги налагаат самите правилници за организирање на спортски натпревари.“-изјави Апостолов.

Билетите за саботниот ракометен спектакл чинат 100 денари и ќе се продаваат на билетарата на спортската сала „Билјанини Извори“ во сабота од 12 часот па се до почетокот на натпреварот во 19 часот. До тој момент пак на продажба се и блок билетите за сите натпревари, и оние од плеј офот и оние од групата за куп натпреварувањето кои чинат 300 денари. Противници на нашите ракометари во групата за македонскиот куп се екипите на Прилеп, Тинекс Пролет и Вардар 2.  Од ракометниот клуб „Охрид 2013“ ги повикуваат сите љубители на ракометот и спортот, но и сите граѓани, како и навивачката група „Рибари“ да ја пружат потребната поддршка во овие важни натпреварувања за охридскиот ракомет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top