Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера во Вараждин во рамки на Светското првенство во ракомет е поразена во четвртото коло од Германија со 33:23.
Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера во Вараждин во рамки на Светското првенство во ракомет е поразена во четвртото коло од Германија со 33:23.
Македонија се наоѓа моментално на четвртото место во „Ц“ конкуренцијата, додека убедливо први се Германците.
Во натпревар со две различни полувремиња кој Македонија го заврши без тројцата најдобри играчи Алушевски и Мојсовски кои се повредија и Лазаров кој доби црвен картон, Германците го осигураа пласманот во вториот круг. Без Кире Лазаров во завршните 14 минути кога се кршеше резултатот тешко можевме да ја разубавиме сензационалната низа и против актуелниот светски првак.
Во градот домаќин на Ц-групата како и во претходните три кола и вечерва македонските навивачи и даваа голема поддршка на својата репрезентација која им возврати со водство на полувремето од 14:13.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град