Пукна ли тиквата меѓу Батон и Бренсон?

Возачот на Браун ГП помислил дека милијардерот флертува со неговата девојка вечерта пред трката во Мелбурн.

 |  Крсте Голабовски  | 
Richard Brenson
Ричард Бренсон

Возачот на Браун ГП помислил дека милијардерот флертува со неговата девојка вечерта пред трката во Мелбурн.

Водечкиот во Светскиот шампионат во Формула 1, Џенсон Батон, имал жешка расправија со Ричард Бренсон мислејќи дека милијардерот и главен спонзор на Браун ГП ја заведува неговата девојка, супермоделот Џесика Мичибата, пишува „Њуз оф д ворлд“. Женетиот Бренсон (58), сопственик на „Вирџин“, отворено флертувал со 24-годишната Мичибата, тврди весникот.

„Беше очигледно дека Ричард е многу, многу пијан и и’ обрна големо внимание на Џесика во текот на вечерта. Но, тоа беше недоразбирање и Џенсон се налути“, изјавил за таблоидот еден од присутните на вечерата. „Целата ситуација стана многу, многу жешка. Ричард мислеше дека Џенсон претерал со реакцијата и му врати со иста мерка. Обајцата потоа си отидоа“.

Baton i BrensonИнцидентот се случил во ресторан во Мелбурн, еден ден откако Бренсон го објави договорот за спонзорство на тимот на Батон. Англискиот возач претходно се избори за пол-позицијата за првата трка во сезоната, а следниот ден ја освои Големата награда на Австралија.

„Ова се случи пред Батон и Браун ГП да победат во Австралија и во Малезија, кога тие беа тим практично без тестирања и кој бара спонзори“, додава анонимниот извор. „Според тоа, Џенсон се најде во сериозна опасност да загуби во очите на Бренсон. Но, од следниот ден работите се подобрија“.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top