По победата над Естонија македонските репрезентативци очекуваат тешко гостување во Сараево. Домаќинот во рамките на групата „1“ во првото коло загуби од Унгарија на гости.
– Очекувам полна сала. Сум играл во Босна и Херцеговина и очекувам пеколна атмосфера и тежок натпревар, каде ќе решаваат и одбраните и нападите. Нашиот напад ќе мора да биде посигурен отколку во дуелот со Естонија. Мораме да одиграме 40-50 проценти подобро отколку во средата со Естонија, истакна голманот на Македонија, Борко Ристовски.
За македонскиот в.д. селектор и „клупата“ ќе решава околу конечниот исход.
– Ќе мора и резервните играчи да помогнат кога ќе биде потребно. И македонските екипи во еврокуповите тешко играат на гостувањата во Босна и Херцеговина, па ќе посветиме поголемо внимание на тактиката. Босна и Херцеговина е поквалитетна екипа од Естонија. Тие се еден од фаворитите во нашата група. Во Сараево не треба да правиме грешки како со Естонија, да не бидеме еуфорични и да нема избрзани удари, нагласи Шундовски.
Против Босна и Херцеговина, Македонија досега двапати има играно на гостински терен и двапати била поразена. Во 2002 година (22:20 во квалификации за СП 2003) и 2005 година (34:30 во Горажде во квалификации за ЕП 2006).
Покрај дуелот Босна и Херцеговина – Македонија од групата „1“ играат уште Естонија – Унгарија. И двата натпревара се играат в недела.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град