Продолжуваат квалификациите за Мундијалот

Пет натпревари од квалификациите од европската зона за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година ќе го одбележат денешниот ден.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Пет натпревари од квалификациите од европската зона за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година ќе го одбележат денешниот ден.

logoВо групата 9, во која настапува и Македонија, во Осло ќе се сретнат Норвешка и Шкотска, репрезентации кои заедно со нашата имаат шанси да го освојат второто место што води во баражот. Холандија со 21 бод е прва во групата 9 , Шкотска и Македонија имаат по 7, Исланд 4 и Норвешка 3. Единствено Исланд е без шанси за второто место.

Во другите натпревари во групата 3 играат Словенија – Сан Марино. Германија гостува кај Азербејџан во натпревар од групата 4. Групата 6 го носи дуелот меѓу Белорусија и Хрватска, додека Франција во рамките на натпревар од групата 7 гостува на Фарски острови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top