Легендарниот боб – тим на Јамајка, кој на ЗОИ 1988 во Калгари ги собра симпатиите на светската спортска јавност, ќе учествува и на претстојните Зимски Олимписки Игри во Сочи.
Легендарниот боб – тим на Јамајка, кој на ЗОИ 1988 во Калгари ги собра симпатиите на светската спортска јавност, ќе учествува и на претстојните Зимски Олимписки Игри во Сочи.
Но, Винстон Ватс и Марвин Диксон, уште при пристигнувањето во Сочи се соочија со голем проблем, затоа што останаа без својата опрема. Тие пристигнаа во Русија, меѓутоа не и нивниот багаж, како и спортската опрема со која треба да настапат на ЗОИ.
„Ова е многу фрустрирачки почеток на Игрите за нас. Едвај собравме доволно финансии за да дојдеме во Сочи и да учествуваме, а сега ни се случува еден ваков малер“, изјави Винстон Ватс.
Натпреварувачите од Јамајка се надеваат дека нивната опрема многу брзо ќе пристигне во Сочи, а дотолку тоа не се случи, ќе бидат приморани да позајмат опрема од останатите спортисти, за да можат да тренираат во пресрет на својот настап.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град