Премиерен настап на „лавовите“ против Бате Борисов

Екипата на Македонија ЃП денеска го има премиерниот настап во квалификациите за Лигата на шампионите во фудбал, пречекувајќи го белорускиот тим Бате Борисов.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Екипата на Македонија ЃП денеска го има премиерниот настап во квалификациите за Лигата на шампионите во фудбал, пречекувајќи го белорускиот тим Бате Борисов.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров максимално подготвени го пречекуваат денешниот меч против Бате Борисов, со умерен оптимизам дека може да го изненади белорускиот фаворит во дебитантскиот настап во ЛШ.

fudbaleri„Добивме силен противник, кој лани настапи во групната фаза од ЛШ, а сезонава е уште посилен. Од белорускиот шампион не се плашиме, ќе се обидеме да наметнеме наша игра и да му се спротивставиме на фаворитот“, изјави тренерот на Македонија ЃП Илчо Ѓоргиевски, на вчерашната прес конференција.

„Сметам дека на технички план сме посилни од Бате Борисов. Физички сме добро подготвени и на тој план, исто така, можеме да му парираме на противникот“, додаде Ѓоргиевски.

Првиот натпреварот од второто квалификационо коло во Лигата на шампионите (ЛШ) Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов е на програмата во денеска (17,00 часот) на Арената „Филип 2“ во Скопје.

За Македонија ЃП ова ќе биде прв настап во ЛШ, во која лани настапи Бате Борисов, остварувајќи неколку забележителни резултати.

За мечот Македонија ЃП– Бате Борисов во продажба се пуштени околу 8,000 влезници по симболична сума од 100 денари.

Реваншот е по една недела во Белорусија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top