Представен планот за патеката во Формула 1 во Рим

Римскиот индустријалец, Маурицијо Фламини, на водечките лу`е во Ф1 им го представи планот за трката во Рим во 2011 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rim
Рим

Римскиот индустријалец, Маурицијо Фламини, на водечките лу`е во Ф1 им го представи планот за трката во Рим во 2011 година.

Фламини кој е еден од инвеститорите во Супер бајк шампионатот, на почетокот на овој месец, својот план му го претстави на првиот човек на Ф1 Берни Еклстоун, план кој наводно му се допаднал на Берни. Трката би се возела низ градот во делот изграден од страна на Бенито Мусолини во 1930 година. Фламини еднаш се обидел да ја донесе Ф1 во Рим во 1984 година, но планот пропаднал.

RimГолемата награда на Италија се вози секој септември во Монца. Инаку во оваа земја се возеа две трки, но од 2006 година не се вози трката за големата награда на Сан марино во Имола. Организацијата на трката за Формула 1 во Рим би чинела помеѓу 130 и 200 милиони долари.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top