Познати полуфиналистите на Вимблдон

По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната рунда, од синоќа познати се играчите кои ќе играат во полуфиналето на годинашното издание на Вимблдон.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната рунда, од синоќа познати се играчите кои ќе играат во полуфиналето на годинашното издание на Вимблдон.

Фаворитот број еден, Роже Федерер кој е втор носител на турнирот, пласман во полуфиналето обезбеди со победата во три сета над Хрватот Иво Карловиќ (6-3, 7-5, 7-6) Федерер за противник во полуфиналето кое се игра в петок ќе го има Германецот Томи Хас, 24 носител. Хас во полуфиналето со 3:1 во сетови го победи Србинот Новак Џоковиќ кој беше четврти носител.

tereniВтората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат домашниот тенисер, инаку трет носител на турнирот Енди Мареј и Американецот Енди Родик. Британецот Мареј, место меѓу четворицата најдобри обезбеди со победата од 3:0 по сетови (7-5, 6-3, 6-2) над Шпанецот Хуан Карлос Фереро.

Во најинтересниот четвртфинален меч во кој беа одиграни максимални пет сета, а траеше три часа и 50 минути, шестиот носител Родик, славеше победа во дуелот со Австралијанецот, Лејтон Хјуит, со 6-3, 6-7 (10-12), 7-6 (7-1), 4-6 и 6-4.

Полуфиналните натпревари во женска конкуренција на програмата се денеска, а во нив место обезбедија четирите најдобро ранирани тенисерки на годинашново издание на Вимблдон.

Во првата полуфинална Американско-Руска пресметка ќе играат втората носителка Серена Вилијамс и четвртата носителка Елена Дементиева.

Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуаат Динара Сафина, првата фаворитка и бранителката на трофејот од лани, Венус Вилијамс које е трета носителка на Вимблдон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top