По одигрувањето на натпреварите од 6.коло во фазата „Топ 16“ од кошаркарската Евролига познати се четвртфиналните двојки.
Во шпанската пресметка ќе играат Барселона – Реал Мадрид. Макаби за противник го доби Партизан. Останатите две двојки се ЦСКА Москва – Каха Лоборал и Олимпијакос – Проком.
Синоќа беше комплетирано последното 6.коло во четирите групи.
Во Е групата во натпреварот на двете екипи од Атина, европскиот шампион Панатинаикос со победа се прости од натпреварувањето и на Партизан му овозможи влез во четвртфиналето. Панатинаикос – Маруси 82 : 79 и Барселона – Партизан 82 : 64.
Табела:
1. Барселона 5-1 (победи – порази)
2. Партизан 3-3
3. Панатинаикос 2-4
4. Маруси 2-4
Во Ф групата Макаби со победата од 66:64 против Реал Мадрид на гостински терен го освои првото место во групата, а Монтепаски го победи Ефес Пилсен со 93:87.
Табела:
1. Макаби 4-2
2. Реал Мадрид 3-3
3. Монтепаски 3-3
4. Ефес Пилсен 2-4
Во Г групата исходот беше познат од претходното коло, а во дуелите од 6.коло беа постигнати овие резултати: Проком – Уникаха 63:82, ЦСКА Москва – Жалгирис 84:71.
Табела:
1. ЦСКА Москва 5-1
2. Проком 3-3
3. Уникаха 2-4
4. Жалгирис 2-4
Х-група: Каха лаборал – Цибона 102:90 и Химки – Олимпијакос 96:83.
Табела:
1. Олимпијакос 5-1
2. Каха Лаборал 3-3
3. Химки 3-3
4. Цибона 1-5
Првите четвртфинални натпревари се играат на 23 март. За пласман на завршниот турнир потребни се три победи со тоа што предност евентуалната мајсторка да ја играат на домашен терен ќе ја имаат првопласираните екипи од групите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град