Пожар во гаражата на Вилијамс

Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.

 |  Голабовски Крсте  | 
Alonso
Алонсо

Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.

pozarОгнот се појави на само неколку минути откако возачот Пастор Малдонадо го освои првото гран при за Вилијамс по 8 години.
Еден од повредените од тимот на Вилијамс со хеликоптер е префрлен во болница во Барселона со сериозни изгореници. Пет лица се префрлени во локалните болници поради вдишан чад. Десет лица на самото место се третирани од последиците на вдишаниот чад.
Причина за пожарот најверојатно е електричната инсталација на болидот на возачот Бруно Сена, кој пред тоа бил донесен во гаражата како неисправен. Огнот ја зафатил целата гаража, а црниот чад избил на патеката.

Основачот на Вилијамс сер Френк Вилијамс кој го славел 70-тиот роденден итно бил префрлен на безбедно откако од својата инвалидска количка го кажа победничкиот говор. Пожарот е изгаснат од страна на механичарите и пожарникарите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top