Потврдена казната на фудбалскиот клуб Победа

Арбитражната комисија на УЕФА на вчерашната седница ја потврди казната на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп за осумгодишна забрана за настап на евросцената како и доживотната суспензија за работа во фудбалот на претседателот на клубот Александар Забрчанец.

 |  Maja Савиќ  | 
uefa
уефа

pobedaАрбитражната комисија на УЕФА на вчерашната седница ја потврди казната на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп за осумгодишна забрана за настап на евросцената како и доживотната суспензија за работа во фудбалот на претседателот на клубот Александар Забрчанец.

Комисијaта ја укина казаната за доживотна сузпензија од фудбалот на тогашниот капитен Николче Здравевски поради недостаток на докази.

Прилепскиот клуб беше обвинет дека го намести натпреварот со Пјуник одигран во Скопје во 2004 во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите кој заврши со победа на гостите од 3:1.

Со потврдувањето на казната Победа нема да има право на настап на Европските натпреварувања до 2017 година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top