• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Последни тренинзи пред стартот на 15та меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2015“

Последни тренинзи пред стартот на 15та меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2015“

Условите според организаторите на регатата се идеални за постигнување на одлични резултати. Официјалниот натпреварувачки дел ќе се случува во текот на утрешниот ден, на кој ќе настапат кајакари од повеќе држави од соседството и Европа.

 |  Мишел Наумоски  | 
kajak regata

Се бројат часовите до стартот на 15та меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2015“. Денес натпреварувачите ја вежбаа стазата на која во текот на утрешниот ден ќе се борат за што подобар пласман. Повеќе од осумдесет млади натпреварувачи и во машка и во женска категорија од Македонија, Црна Гора, Грција, Бугарија, Србија, Полска ќе ги одмерат своите сили и вештини на патеката во Охридското Езеро. Топлото време, мирните езерски води како и пријатната температура на водата во езерото, според организаторите ќе овозможи убави резултати, но и пријатно спортско искуство за натпреварувачите.

megjunarodna kajak regata„Регатава наша и нашето езеро се измислени за кајакот и водените спортови, едрењето, веслањето. Толку се можностите од нашите спонзори. Езерото е прекрасно, водата за нашиве гости е како измислена, тие сакаат на крајот на 2015 да дојдат со екипи на подготовки. Немаме простор блиску до вода, но би требало наскоро да добиеме спортски хангари на вода.“-вели Радован Попоски од кајак-кану клубот „Стрмец“ кои се организатори на оваа регата.

Топлото време, мирните езерски води како и пријатната температура на водата во езерото, според организаторите ќе овозможи убави резултати, но и пријатно спортско искуство за натпреварувачите.

kajak regata Ohrid„Нашите пријатели од странство тренираат денеска, ја извеслаа стазата, немаме никакви проблеми, времето е супер, температурата на водата е над 20 степени. Ќе настапиме во цицибан од 10 до 12 години, па пионери, 14, 16, кадети, јуниори, сениори. Имаме и во женска и во машка конкуренција, некаде 80 учесници ќе бидат утре на вода.“-рече Попоски.

Бодувањето на натпреварувачите според организаторите од „Стрмец“ ќе се врши според редоследот на постигнатите времиња, односно доколку во езерото се натпреваруваат девет кајакари, првиот би добил девет бодови, па се до еден бод за последниот резултат. Инаку оваа меѓународна регата за кајак во мирни води се организира по повод Денот на независноста на Република Македонија, а финансиски е потпомогната од општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top