Мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување се воведени во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија што ќе се одигра утре вечер.
Мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување се воведени во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија што ќе се одигра утре вечер.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека мерките и активностите освен на националната арена и местото, каде ќе биде сместена гостинската репрезентација, ќе се спроведат и на сите оние места и сообраќајници каде ќе има собирање и движење на заинтересираните посетители и гости.
Според најавите, на денот на одигрување на натпреварот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на булеварите. „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“, потоа улиците „Ленинова“,„Јордан Хаџи Константинов Џинот“, и „Наум Наумовски Борче“. Паркирање на моторните возила ќе биде дозволено на паркингот на АМД „Водно“и на улиците помеѓу бул.„Илинден“ и бул.„Партизански Одреди“.
Сите мерки ќе бидат преземени и спроведени од страна на доволен број ангажирани работници на полиција и други овластени службени лица, заради остварување на потполна ефикасност во извршувањето на планираните задачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град