Пораз на Македонската фудбалска репрезентација

Втор пораз за Македонија во третиот натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2010 год. Во Рејкјавик, пред околу 6.000 гледачи, Исланд ја победи Македонија со резултат 1:0.

 |  Крсте Голабовски  | 
Goran Pandev
Goran Pandev

Втор пораз за Македонија во третиот натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2010 год. Во Рејкјавик, пред околу 6.000 гледачи, Исланд ја победи Македонија со резултат 1:0.

Во првото полувреме македонските репрезентативци одиграа слабо и дефанзивно. Таквата игра домаќините ја казнија  во 15 минута со гол кој подоцна се покажа дека е доволен за трите бода да останат на Исланд. По една нафрлена топка и лошата поставеност на македонските репрезентативци во својот шеснаесетник, најдобро се снајде исландскиот репрезентативец Гунарсон кој го постигна победничкиот погодок.

gradski stadionВторото полувреме Македонија го одигра подобро од првото, но даелку од доволно добро за репрезентација која имаше амбиции за победа и искачување на второто место на табелата во групата 9. Беа создадени една голема шанса за Пандев и две-три полушанси кои не беа искористени.

По овој пораз значително се намалени шансите за второто место во групата кое дава можност за играње бараж.
Во вториот натпревар од деветтата квалификациска група Холандија како гостин ја победи Норвешка со 1:0 и со девет бода од три натпревари се зацврсти на првото место. Втора е Шкотска со четири бода колку што има и третопласираниот Исланд. Македонија е четврта со три бода, а последна е Норвешка со два.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top