Македонската ватерполо репрезентација од утре ќе го искористи Олимпискиот базен во Скопје за да се собере и деновиве да тренира, пред да замине во среда на Волос во соседна Грција, на квалификацискиот турнир за ЕП 2010 година
Македонија е во група со домаќинот Грција, која ја победивме во Скопје пред повеќе од еден месец на Олимпискиот базен во Скопје во Светскиот куп, потоа Словенија и Франција. Првите две селекции од групата одат на ЕП кое ќе се одржи во Хрватска. Според распоредот, македонските ватерполисти почнуваат на 30 април со мечот со Грците, па следи пресметката со Франција следниот ден и на крај со аутсајдерот Словенија.
Македонија во Моксва против Русија минатиот вторник требаше да ја има последната проверка пред настапот во квалификациите, што беше и прва цел на селекцијата во однос на дебитантскиот настап во Светската лига, но проблемите со авионскиот сообраќај, вулканската прашина и блокираните врски, мечот беше одложен, па така пробадна и „последниот тест“.
Македонија во Волос брка трето учество на големи ватерполо настапи, по ЕП во Малага и СП во Рим.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град