Плушенко ќе добие „задоцнет“ златен медал

Освојувачот на сребрен медал на последните зимски олимписки игри во Ванкувер, Евгениј Плушенко ќе добие „задоцнет“ златен медал изработен  од Сибирски златари, соопштија руските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
Plushenko
Плушенко

PlushenkoОсвојувачот на сребрен медал на последните зимски олимписки игри во Ванкувер, Евгениј Плушенко ќе добие „задоцнет“ златен медал изработен  од Сибирски златари, соопштија руските медиуми.
Златарите од Јатурск изјавија дека планираат да го наградат Плушенко со специјален медал кој ќе тежи повеќе од половина килограм, а ќе биде изработен од чисто злато.
Плушенко беше контроверзно победен од Американецот Еван Лејсачек на Олимписките игри во Ванкувер и го освои само сребрениот медал.
Повеќето Руси, вклучувајќи го и премиерот Владимир Путин изјавија дека тој требаше да го освои златото а Путин му испрати телеграма на Плушенко пишувајќи: „Твојот сребрен медал вреди како злато“.
Евгениј Плушенко пак изјави дека тој бил жртва на пристрасно судење од страна на судиите и дека Лејсачек не е висинскиот шампион, а нема да настапи на Светското првенство во Торино поради повреда на коленото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top