Плачкото се плаши од Карловиќ

Швајцарецот Роже Федерер не издржа да не ја искоментира играта на Хрватот Иво Карловиќ, кој вчера го играше мечот од 4. коло против Фернандо Вердаско. По победата на Карловиќ над Цонга на Вимблдон главна тема беше сервисот на Хрватот, кој ги прави до толку нервозни тенисерите што се тргаат предвреме, како што тоа го правеше Цонга.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ivo Karlovic
Иво Карлович

Швајцарецот Роже Федерер не издржа да не ја искоментира играта на Хрватот Иво Карловиќ, кој вчера го играше мечот од 4. коло против Фернандо Вердаско. По победата на Карловиќ над Цонга на Вимблдон главна тема беше сервисот на Хрватот, кој ги прави до толку нервозни тенисерите што се тргаат предвреме, како што тоа го правеше Цонга. На тој меч Карловиќ имаше 82. директно освоени поени на сервис, односно дури 46 аса.

Ivo Karlovic„Не сакам да го потценам Карловиќ, но ова што можевме да го видиме против Цонга не беше тениски меч“, се пожали Федерер.

„За да го победите потребно ви е многу среќа, бидејќи едноставно не знаете како да го скротите неговиот сервис“.

Го спомена првиот фаворит на Вимблдон и сопственото искуство: „Игравме во Синсинати, а тогаш го извлеков покусиот крај, иако освоив еден брејк наспроти неговите нула. Во целиот меч направив само три грешки и поради нив на крајот загубив“.

Обвинувања за Карловиќ стигнаа и од многубројните новинари на Вимблдон, кои напишаа во весниците дека „Иван Грозни“ има еден квалитет – сервисот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top