Како и минатата сезона победникот на Супербоулот е одлучен на 35 секунди пред крајот, кога Сантонио Холмс ја фати топката за тачдаун и конечна победа на Питсбург.
Како и минатата сезона победникот на Супербоулот е одлучен на 35 секунди пред крајот, кога Сантонио Холмс ја фати топката за тачдаун и конечна победа на Питсбург.
Аризона долго беше во подредена ситуација и во еден момент изгледаше дека повеќе немаат што да бараат на овогодишниот Супербоул. Натпреварот почна споро, со голот на Џеф Рид за водство на Питсбург, додека Аризона брзо ја предаде топката на своите противници.
Квортербекот Курт Ворнер не успеваше да ја покрене својата офанзива, да на другата страна Гери Расел успее да ја внесе топката во енд зоната и така на почетокот на втората четвртина донесе предност за Питсбург од 10:0.
Аризона тогаш конечно се буди и по вториот напада преку Бен Патрик успеа да го намали резултатот. Меѓутоа, на крајот на полувремето се случи вистинскиот од неверојатните пресврти на овој меч. Се чинеше дека Аризона е на чекор до уште еден тачдаун, но Џејмс Харисон ја пресече топката на гол линијата и успеа да ги претрча 100. јарди за тачдаун на Питсбург и убедливо водство на полувреме од 17:7.
Третата четвртина донесе уште еден филд гол за Питсбург и нови фрустрации во нападот на Аризона, која на влезот во последната четвртина губеше со 20:7. Последниот дел почна споро и не најавуваше ништо спектакуларно.
Четири минути пред крајот Аризона успеа да дојде до енд зоната на Питсбург и обезбеди нов тачдаун, намалувајќи на 20:14. Питсбург не успеа да направи ништо во наредниот посед, додека и Аризона мораше да ја „испуца“ топката која падна на јард од гол линијата. Повторно Ретлисбергер имаше проблеми, не успеа да се пробие од својата енд зона и тоа Питсбург го чинеше поен. Ретлисбергер во третиот обид успеа да ја додаде топката до Холмс, но судиите свиреа фаул поради држење во енд зоната, што е автоматски „сејфти”, односно два поени за Аризона.
При резултат 20:16 и три и пол минути на семафорот Аризона тргна во нов напад. Веќе од вториот обид Ворнер го пронајде Лери Фицџералд за додавање од 64 јарди и нови тачдаун со кој на 02:37 минути пред крај на средбата Аризона прв пат поведе со 20:23.
Изгледаше како да Питсбург нема да успее да до дојде до филд гол и да го изедначи резултатот за прво продолжение во историјата на Супербоулот. Сепак, Бен Ретлисбергер не мислеше така. Успеа за минута и пол да ја донесе топката на половината на противникот, а потоа на 35 секунди пред крај да ја испрати до Сантонио Холмс на самата ивица од енд зоната, која овој ја фати, ги спушти двете нозе на земјата и така постигна тачдаун со кој и донесе победа на својата екипи, и заслужи МВП титула на 43. Супербоул.
Со Оваа победа Питсбург по шести пат го освои трофејот на Винс Ломбарди, што е нов рекорд во НФЛ лигата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град