И Пирели кандидат за доставувач на гуми во Ф1 за идната година

Откако Мишелин и Авон Купер потврдија дека се кандиодати за доставува~и на гуми за идната сеозна во најбрзиот циркус Формула 1 на местото на Бриџстоун, кој се повлекува, италијански Пирели влегува како трет кандидат за доставувач.

 |  Маја Савиќ  | 
pireli
пирели

gumi F1Откако Мишелин и Авон Купер потврдија дека се кандиодати за доставува~и на гуми за идната сеозна во најбрзиот циркус Формула 1 на местото на Бриџстоун, кој се повлекува, италијански Пирели влегува како трет кандидат за доставувач

Пирели пред крајот на ланската година објави дека не сака да биде дел од Ф1 бидејќи повеќе „сака да развива гуми за тркање кои би се користеле и по патиштата“, но по состанокот на акционерите во Милано, претседателот Марко Тронкети Провера изјавил дека Пирели би можел да размисли за Ф1 под определени услови. Како и Мишелин, и Пирели сака зголемување на дијаметарот на гумите за Ф1 од 13 на 18 инчи, како и да доставува гуми од економска оправданост на компанијата.

Тронкети за „Ил Џорнале“ рекол дека ако овие услови се исполнат, Пирели сериозно би ја разгледал опцијата да биде дел од Ф1. Засега влегувањето на Мишелин е подржано од ФОТА, здружението на Ф1-тимови, додека Авон Купер го посакува Берни Екелстоун и неколку помали тимови, поради редуцираните трошоци.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top