Петнаесет професионални фудбалери на клубот „Џимета“ од градот Адамаве, во Нигерија, ги загубија животите во сообраќајна несреќа, јавија нигериските медиуми.
Петнаесет професионални фудбалери на клубот „Џимета“ од градот Адамаве, во Нигерија, ги загубија животите во сообраќајна несреќа, јавија нигериските медиуми.
Единаесет играчи на професионалниот фудбалски клуб загинале на лице место, додека уште четворива им подлегнаа на повредите во болница, додека лекарите се уште се борат за животите на двајца фудбалери.
До несреќата дошло кога автобусот на фудбалската екипа, што патувал на натпревар во градот Абуја, удрил во препрека на патот и се урнал во амбис.
Екипата „Џимета“ патуваше на натпреварот на професионалната лига во Ајуба, каде требаше да се сретне со екипата „Присонс“. За жал, на патувањето дојде до трагична несреќа во која досега животите ги загубија 15 фудбалери, потврди комесарот за натпревари на Нигерискиот фудбалски сојуз Мохамед Сануси.
Слична трагедија во Нигерија се случи и во декември минатата година кога, исто така, во сообраќајна несреќа, загинаа 18 фудбалери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град