Италијанскиот Олимписки комитет соопшти дека поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Барселона Пепе Гвардиола не се допингувал во 2001 година додека настапуваше за екипата на Бреша.
Гвардиола таа година беше позитивен на стероидот нандролон, а италијанската фудбалска федерација го суспендираше на четири месеци.
Во мај 2002, Гвардиола беше ослободен од обвинението, но италијанската анти допинг агенција поднесе жалба на таа одлука.
Италијанскиот Олимписки комитет со отфрлањето на оваа жалба стави точка на процесот и дефинитивно го ослободи сегашниот тренер на шпанскиот и европскиот првак .
Гвардиола неколку пати во изминатите осум години демантираше дека користел недозволени средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град