Пелистер падна, на ред е Металург

На првиот натпревар од  петтата рунда во ракометната Супер лига, охридските ракометари стартуваа со триумф.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakomet

На првиот натпревар од  петтата рунда во ракометната Супер лига, охридските ракометари стартуваа со триумф.

rakometТВМ Телевизија продолжува со преносот во живо од ракометните натпревари на охридските спортски миленици кои синоќа имаа феноменален старт во петтата рунда од ракометната Супер лига. Тие во спортската сала „Биљанини извори“  ја совладааа екипата на „Пелистер“ со 22-21 (9-7). Најважна карактеристика на синоќешната игра на охридските ракометари беше перефекната игра во одбраната.

Покрај одличната игра поддршката од „Рибарите“ и трибините синоќа исто така одиграа клучна улога. Охриѓани смогнаа сили и пред се имаа срце, погодија неколку клучни удари што им донесе трета победа во серија.  Избраниците на стратегот Горан Андоновски го впишаа деветтиот бод на табелата и на маестрален начин го најавија дуелот со Металург в среда во Охрид со почеток во 20 часот, од кој ТВМ Телевизија повоторно ќе врши пренос во живо.

Победата над „зелено белите“ во петтата рунда од Супер лигата можеби скапо ќе го чини охридскиот ракометен состав откако на повреда се пожали Мите Караиванов. Деталните прегледи на коленото од Караиванов ќе покажат за каква повреда се работи и дали и колку ќе треба да паузира.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top