Пеле: Меси, јави се кога ќе дадеш илјада гола

Вечното ривалство на Бразил и Аргентина е одамна познато не само во Јужна Америка, туку и во светски рамки, буквално во сите спортови. А кога станува збор за фудбалот, прва асиоцијација е битката за тоа кој е најголем фудбалер на сите времиња, Пеле или Диего Армандо Марадона.

 |  Маја Савиќ  | 
Pele
Пеле

pele i messiВечното ривалство на Бразил и Аргентина е одамна познато не само во Јужна Америка, туку и во светски рамки, буквално во сите спортови. А кога станува збор за фудбалот, прва асиоцијација е битката за тоа кој е најголем фудбалер на сите времиња, Пеле или Диего Армандо Марадона

И додека цел свет, сите фудбалски стручњаци и легенди се воодушевени од Лионел Меси и коментираат дека малдиот 22 годишен Аргентинец полека се запишува во историјата, во моментов како еден од најдобрите играчи, актуелната форма и петгодишната суперсонична кариера на Меси не се доволни за Пеле.

Тој тврди дека ниту Марадона со кого има вечна расправа за тоа кој е најдобар, ниту меси во моментов кој е посочен како идна најголема фубалска ѕвезда воопшто во светот на бубамарата, не може да се споредуваат со него.

– Сите постојано се трудат некој фудблер да го споредат со мене. Јас често се шалам и со моите другари од Аргентина, дека орви треба да се договорат кој е најдиобар таму. Дали тоа е Марадона, Меси или некој трет. А кога ќе го сторат тоа, кој и да е, можеме да зборуваме само ако некој постигне или постигнал 1.000 голови – рече Пеле.

Легендарниот Бразилец, кој во периодот од 1958 до 1970 година стигна до три светски титули во кариерата постигна 1.280 гола на 1.363 меча, со тоа што во овој скор се искалкулирани и головите кои ги псотигнал на разните егзибициски мечеви. Но, без оглед на се, тешко дека некој воопшто во оваа категорија ќе го стигне Пеле. Меси во моменов, од 2004 година кога се појави и низ петгодишната кариера во која е алка во составор на Барселона, а сега и лидер, има 133 гола во кариерата, од кои 42 сезонава за Барса и селекцијата на Аргентина.

– Меси не беше играч број еден на светот во 2007 година, но тогаш му реков ти си следниот. Добро, требаше малку подолго да сочека за такво нешто, но на крајот го доби тоа што го заслужи. Тој е фантастичен играч, но не блеска во дресот на Аргентина. Можеби на СП ќе блесне, но да сочекаме за да видиме – додаде Пеле.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top