Пеле бил лошо разбран

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле денеска изјавил дека неговата изјава за Робињо била погрешно интерпретирана, додавајќи дека не е точно дека напаѓачот на Манчестер Сити користи кокаин.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pele
Пеле

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле денеска изјавил дека неговата изјава за Робињо била погрешно интерпретирана, додавајќи дека не е точно дека напаѓачот на Манчестер Сити користи кокаин.
Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња неодамна ги обвини сонародниците Роналдо и Робињо дека во минатото биле зависници од дрога.

Само еден ден подоцна откако правните застапници на најскапиот играч во историјата на Премиер лигата побараа објаснување од Пеле, легендарниот голгетер ја демантирал претходно дадената изјава.
„Робињо е наш син и израсна во Сантос, каде имаше целосно внимание. Тоа што се случи е недоразбирање, а веста е погрешно пренесена“, изјавил Пеле.

Robinjo„Знам како им е на тие кои треба да ги продаваат весниците. Кога ќе се случи нешто како ова потребно е да се преслушаат касетите и да се чуе што е навистина речено“ – изјавил поранешниот играч на Сантос и Њу Јорк Космос.

Со него се сложил и селекторот на „кариоките“ Дунга, кој исто така верува дека дошло до недоразбирање.

„Не верувам дека Пеле кажал такви работи за Робињо и Роналдо, бидејќи и двајцата ги познавам. Мислам дека тоа е обично недоразбирање.Зборовите се лошо пренесени“ – завршил Дунга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top