Пандев тежи 18 милиони евра

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, чини цели 18 милиони евра, според спортскиот директор на „лацијалите“ Игли Таре. Тој во изјава за италијанските медиуми, потврди дека цената на Пандев во моментов не е под 18 милиони евра за сите кои сакаат да го ангажираат во својот тим за следната сезона.

 |  Крсте Голабовски  | 
Goran pandev
Горан Пандев

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, чини цели 18 милиони евра, според спортскиот директор на „лацијалите“ Игли Таре. Тој во изјава за италијанските медиуми, потврди дека цената на Пандев во моментов не е под 18 милиони евра за сите кои сакаат да го ангажираат во својот тим за следната сезона.

Goran PandevВо Лацио имаат реална слика за настаните околу нашиот репрезентативец, па затоа ова лето ќе се обидат да ја извлечат најдобрата цена за него. Во последно време Пандев е се почесто врзуван со можен трансфер во Наполи, кој веќе понуди 12 милиони евра и еден млад фудбалер во замена за нашиот голгетер.

 Покрај Наполи, за услугите на Пандев целиот минат период се интересираат и Јувентус, Баерн (М) и Фиорентина, а во игра беа и некои имиња на клубови од англиската Премиерлига.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top