Пандев: Рано е за Мадрид, но имаме добри шанси

Нашиот најдобар фудбалер жали што не успеал да се запише во листата на стрелци, но верува дека неговиот тим има големи шанси да стигне до финалето во Мадрид.

 |  Маја Савиќ  | 
Pandev
Пандев

pandev i murinjoНашиот најдобар фудбалер жали што не успеал да се запише во листата на стрелци, но верува дека неговиот тим има големи шанси да стигне до финалето во Мадрид.

„Тешко ми е да се прилагодам да една вака офанзивна формација, но мора да се задоволат барањата на тренерот, тој е шефот и ќе играм на таа позиција каде што тој ќе ме постави.“

„Во вториот дел можевме да ја решиме средбата уште тука, одигравме одлични 45 минути. Имав голема шанса, навистина не го видов Ето, ми излезе голманот, го прескокнав, но ме потчукна малку и навистина немав среќа. Задоволство ми е да играм со Ето и со сите останати шампиони“

„Рано е да размислуваме за Мадрид, патот е долг и сега на ред е Москва. Ако поминеме потоа ни следат две супер средби. Ние сме одличен состав и можеме да го поминеме и полуфиналето и да стигнеме до Мадрид“, рече Пандев кој пропушти неколку добри шанси за гол и при тоа напомена дека Балотели дошол во соблекувалната и им посакал среќа пред да започне натпреварот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top