Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по пауза од 19 години и носи голема промоција на Македонија со своето учество во финалето во Лигата на шампионите
Пандев со Интер ќе игра за титула, со што би бил и прв македонец по двете најголеми легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, кој освоил пехар за европски шампион. Панчев и Најдоски станаа шампиони во 1991 година со Црвена звезда и досега беа недостижни за македонските фудбалери. Сега Пандев има шанса да им се придружи на листата на освојувачи.
Европските медиуми во пресрет на дуелот шпекулираат со имињата и првиот состав кој ќе истрча на „Бернабе“, но според најавите Пандев треба да биде стартер и тоа во познатата добитна офаизвна формација со дефанзивни карактеристики на нашиот репрезентативец – 4-2-3-1. Пандев треба да игра како крило во средина заедно со Снајдер кој ќе го има централниот дел од теренот и Ето како второ крило. Милито ќе биде напаѓач.
Сепак, последниот збор за составот ќе ги има Мурињо, денеска некаде околу 19.30 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град