Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев се договорил со Јувентус во новата сезона да го облече „црно-белиот“ дрес на тимот од Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев се договорил со Јувентус во новата сезона да го облече „црно-белиот“ дрес на тимот од Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Пандев во текот на наредните неколку дена и официјално треба да стане член на „старата дама“, која му понудила договор до 2013 година. Во новиот клуб Пандев ќе заработува плата од 2,5 милиона евра годишно.
Досегашниот тим на Пандев, Лацио, од овој трансфер ќе заработи околу 8 милиони евра, а од Јувентус за возврат ќе биде засилен и со двајца играчи. Покрај Јувентус, изминативе неколку месеци за Пандев интерес пројавија и екипите на Баерн Минхен, Тотнем, Атлетико од Мадрид. Во овие разговори, според информациите што се појавуваа во медиумите, Пандев најблиску беше до англискиот Тотнем. Трката по македонскиот репрезентативец ја доби тимот од Торино, откако се согласил да ја плати отштетата.
Македонскиот интернационалец Пандев за Лацио настапуваше во последните пет сезони. Во последното коло, кога Лацио ќе игра со Јувентус, во тимот од Рим нема да се појави Пандев. Тој има жолти картони и нема право на настап на последната средба за својот досегашен клуб, за кој одигра 135 натпревари и има постигнато 53 гола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град