Пандев и Интер го пречекуваат Челзи

Преостанатите четири меча од осмина финалето во Лигата на Шампионите се играат во вторник и среда, а дерби без сомнеж е дуелот меѓу Интер и Челзи, екипите кои водат во националните шампионати на Италија и Англија и кои имаат највисоки амбиции и во елитното натпреварување.

 |  Маја Савиќ  | 
Pandev
Пандев

ChelseaПреостанатите четири меча од осмина финалето во Лигата на Шампионите се играат во вторник и среда, а дерби без сомнеж е дуелот меѓу Интер и Челзи, екипите кои водат во националните шампионати на Италија и Англија и кои имаат највисоки амбиции и во елитното натпреварување.

Ќе биде тоа дуел на сегашната и поранешната екипа на Жозе Мурињо, но и вистинска проверка на формата на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Интер последните години немаше многу успех на европска сцена и по секоја цена ќе се обиде да дојде до успех, но лондонскиот клуб е еден од најголемите кандидати да стигне до трофејот.

Добар меч се очекува и меѓу московска ЦСКА и Севиља. Шпанците по правила добро проаѓаат на гостувањата во Русија и без сомнеж се во предност бидејќи се во полна натпреварувачка форма.

Бранителот на трофејот, екипата на Барселона, е апсолутен фаворит против Штутгарт, иако бундеслигашот игра се подобро, додека неубедливиот Олимпијакос ќе го пречека Бордо, кој во првата фаза од натпреварувањето остави одличен впечаток и ако така продолжи може далеку да стигне.

Вторник, 23 февруари:
20:45ч Штутгарт – Барселона
20:45ч Олимпијакос – Бордо

Среда, 24 февруари:
20:45ч ЦСКА Москва – Севиља
20:45ч Интер – Челзи.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top