Најголемиот филипински спортист на сите времиња боксерот Ману Пакуао успеа да го забележи историскиот успех за спортот во оваа земја.
Најголемиот филипински спортист на сите времиња боксерот Ману Пакуао успеа да го забележи историскиот успех за спортот во оваа земја.
30 годишниот Пакуао во Лас Вегас во борбата вредна за шампионска титула на светот во верзијата ИБО во вертер категоријата го победи Рики Хатон. Со оваа победа Филипинецот стана светски шампион во шест различни категории.
Филипинскиот боксер со прекин на борбата во втората рунда ја освои светската шампионска титула во вертер категоријата, верзија ИБО победејќи го Рики Хатон. Пакуао два пати го нокаутираше Хатон во првата рунда додека во втората рунда со лево кроше го погоди директно во лице при што Британецот остана да лежи на ринг без свест. Тој се освести откако судијата го прекина мечот со што му честита на Пакуао кој за помалку од 6 минути упати повеќе од 120 удари од нив, а 70 завршија во телото на Хатон додека овој вториот поради безбедносни причини беше однесен во болница.
„Последниот удар беше силен и брз затоа мислам дека не можеше да стане“ изјави Пакуао.
Борбата одржана во Лас Вегас имаше голем одѕив во светските медиуми, а беше следен со посебен интерес и во Филипини. Фановите во оваа земја Пакуао го споредуваат со легендарниот боксер Мухамед Али.
Пакуао кој се смета за најдобар светски боксер со 49 победи и 2 порази постави нов светски рекорд. Дури 37 победи од нив се со нокаут. За британскиот боксер ова беше прв пораз во кариерата и категорија во која тој доминираше последните неколку години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град