Окт 3, 2009

Охриѓани ќе го видат „Патот на мечот“

Охрид домаќин на трет „Кендо балкански шампионат“. Се натпреваруваат повеќе од 120 учесници, од 7 земји од Европа. Трет кендо балкански шампионат се одржува во спортската сала „Биљанини извори“. Овојпат учество земаа најголем број учесници, односно претставници на 7 европски земји, со над 120 натпреварувачи. Спорот со името е причина поради неприсуството на Грција. „Охрид како домаќин и овојпат ќе блесне во најдобро светло, изјави градоначалникот Петрески. Се покажавме како извонредни домаќини на претходните европски и светски првенства, ќе го направиме тоа и овој пат, се за доброто на дост…

Окт 3, 2009

Македонија домаќин на шаховската елита

Околу 600 шахисти од 35 држави, меѓу кои и десетината најдобро рангирани во светот, ќе настапат на годинешниот Европски куп на клубови во шах, чиј домаќин е Македонија.Европскиот клупски шаховски куп, кој што од денеска до 11 октомври се одржува во Охрид е 25-ти по ред во машка и 14-ти во женска конкуренција.На првенство ќе учествуваат 58 клубови во машка и 14 во женска конкуренција. Шахистите ќе ги играат партиите во хотелот Инекс Горица, а шахистките во хотелот Гранит.Годинешниот европски клупски куп во шах ќе има досега најголем паричен фонд во висина од 45.000 евра, обезбедени од Владат…

Окт 3, 2009

Рио домаќин на ЛОИ 2016 година

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на денешното заседание во Копмехаген го избра бразилскиот град Рио де Женеиро за домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.Во финалниот трет круг на гласање Рио доби повеќе гласови од притивкандидатот Мадрид, со што стана првиот град во Јужна Америка што ќе биде организатор на една Олимпијада.Во првиот криг на гласање отпадна американскиот фаворит Чикаго, а во вториот круг јапонската престолнина Токио.Елиминирањето на Чикаго, кој пред деншното гласање важеше за фаворит, уште во првиот круг, во спортските кругови се оценува како едно од најголемит…

Окт 2, 2009

Пепе не се допингувал

Италијанскиот Олимписки комитет соопшти дека поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Барселона Пепе Гвардиола не се допингувал во 2001 година додека настапуваше за екипата на Бреша.Гвардиола таа година беше позитивен на стероидот нандролон, а италијанската фудбалска федерација го суспендираше на четири месеци.Во мај 2002, Гвардиола беше ослободен од обвинението, но италијанската анти допинг агенција поднесе жалба на таа одлука.Италијанскиот Олимписки комитет со отфрлањето на оваа жалба стави точка на процесот и дефинитивно го ослободи сегашниот тренер на шпанскиот и европскиот првак .Гвар…

Окт 2, 2009

Денес ќе биде објавен домаќинот на ОИ 2016

Кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година ќе се знае денес по заседанието на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) во Копенхаген.По 18 часот, претседателот на МОК Жак Рог ќе го објави домаќинот на 31-те Летни Олимписки игри. Дали тоа ќе биде Мадрид, Чикаго, Рио де Жанеиро или Токио.Многу државници им пружија поддршка на своите градови (читај-лобираа), па во изминатите денови во Копенхаген пристигнаа шпанскиот крал Хуан Карлос, претседателот на Бразил Луис Инасио Лула Да Силва, премиерот Јукио Хатојама и првата дама на САД Мишел Обама, додека Барак треба денес да пристигне во Да…

Сеп 30, 2009

Први натпревари од 2 коло на Лигата на шампиони

Во првите натпревари од 2.коло во фудбалската Лига на шампиони глевен лик синоќа беше Стеван Јоветиќ, кој со двата гола во првото полувреме и донесе победа на Фиорентина  против Ливерпул. Во вториот натпревар од Е групата Дебрецин беше поразен дома од Лион со 4:0. Француската екипа е прва со 6 бодови, пред Фиорентина и Ливерпул со по 3, Дебрецин е без бодови. Во Ф групата европскиот првак Барселона славеше дома со 2:0 против Динамо Киев, додека Интер одигра нерешено 1:1 со Рубин. Барселона е прва со 4 бодови, пред Динамо Киев со 3, Интер има 2, а Рубин 1 бод. Шпанската Севиља сигурно оди ко…

Ное 21, 2016

Првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта од РМ

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а во соработка со Општинскиот стрелачки сојуз од Охрид и стрелачкиот клуб „Охрид“ вчера на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа најмасовното државно Првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта од Македонија. Кај девојките ос средните училишта, Јана Маркоска од СОУ Св. Климент Охридски-Охрид, се пласира на втората позиција со резултат од 163 кругови, само за три помалку од првопласираната.Кај девоките од основните училита, сребрен медал за Јована Калноска од ОУ „Христо Узунов“ со резултат од од 1…

Сеп 30, 2009

Денес во Белград, ден на жалост

Денес, со одлука на Градската управа, во Белград е ден на жалост, по повод смртта на францускиот државјанин Брис Татон, кој на 17. септември беше претепан од група белградски хулигани.Денот на жалост го прогласи градоначалникот на Белград, Драган Џилас.Државните знамиња на сите организации и институции се спуштени на половина копје.Музеите, театрите и кината, како и радиодифузните организации денес ги имаат прилагодено содржините и програмите кон Денот на жалоста.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top