Окт 22, 2009

Услуги на проститутки во професионалниот тенис

Двајца тенисери се наоѓаат под истрага на шведската полиција поради наводно ангажирање на проститутки во пресрет на почетокот на АТП турнирот во Стокхлом.Двајцата тенисери, кои засега се идентификувани само како странски државјани, биле задржани во полиција откако во раните утрински часови во неделата влегле во хотелот во Стокхолм заедно со придружбата, објавува шефот за истрага Џонас Троле.Шведската новинска агенција „Афтонбладет“ подоцна известува дека и двајцата осомничени се тенисери, но само еден од нив е пријавен за настап на АТП турнирот во Стокхлом, кој започна вчера.Шведскиот закон…

Окт 22, 2009

Реал на колена

Реал Мадрид поведе во првиот дел, Милан врати во вториот и со два спектакуларни пресврти дојде до победата (3-2) и ги однесе трите бода од Бернабеу.„Ме загрижува Милан, каков го гледав во дуелот против Рома, кога „росонерите“ се вратија иако во првиот дел губеа со 1-0“, рече тренерот на Реал Пеллегрини. Такво сценариот всушност гледавме и во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Милан во третото коло од Групата Ц на Лигата на шампионите. Реал поведе со 1-0, Милан беше потполо изгубен, без вистински шанси, пас игра, додека Реал бараше втор погодок за да го реши натпреварот уште пред полувремето. …

Окт 21, 2009

Стипендии за најдобрите македонски боксери

Стипендии на двајцата најдобри македонски боксери ќе им бидат доделени во среда во Скопје.За таа цел, Агенцијата за млади и спорт ќе потпише стипендиски договори од светска категорија со Примислав Димовски и Вели Мумин.Стипендиите се доделуваат според Правилникот за категоризација на спортистите, а по повод освоеното 5-то место во категоријата до +91кг во бокс на Светско првенство (Примислав Димовски) и за освоеното 3-то место во категоријата до 51 кг во бокс на Европско првенство (Вели Мумин)Воедно со еднократна парична награда ќе бидат наградени и стручните лица кои партиципирале во работ…

Јан 22, 2017

Емоции и солзи на првиот натпревар на Чапекоенсе по авионската несреќа

Чапекоенсе го одигра првиот натпревар по стравичната авионска несреќа во Колумбија минатата година во која загина речиси целата екипа. Чапекоенсе во пријателски натпревар ремизираше (2-2) со актуелниот првак на Бразил Палмеирас. На стадионот Арена Кона се собраа 20.000 гледачи, а емоциите со солзи надојдоа кога на стадионот излегоа преживеаните играчи и работници во клубот со своите семејства. Навивачите скандираа “Vamos Chape”. Емоциите достигнаа кулминација кога на тревникот излегоа преживеаните играчи Алан Рушел, Хелио Нето и Џексон Фолман и ги примија медаљите и пехарот на Судамерикан…

Окт 21, 2009

Трето коло од Лигата на шампионите

Денес се игра 3-то коло во групите А, Б, Ц и Д. Како дерби на вечерта е дуелот во Mадрид меѓу Реал и Милан, а ништо понтересни не би требало да бидат оној во Лондон меѓу Челзи и Атлетико, како и во Москва, ЦСКА и Манчестер Јунајтед.ЦСКА Москва – Манчестер Јунајтед.ЦСКА игра одлично на домашен терен сезонава, гостинскиот и е голем проблем. Русите имаат една победа (Бешикташ) и еден пораз (ЦСКА). моментално се на 7п позади Рубин во руското првенство и тешко дека ќе успеат да бидат меѓу првите две. Хуанде Рамос нема да може да смета на Марк Гонзалез, кој ќе ја пропути цела сезона и тоа е голем…

Окт 20, 2009

Рубин мора да биде совладан

Тренерот на Барса, Пеп Гвариола, изјави дека неговиот тим мора да го совлада Рубин ако сака потоа работата да им биде далеку полесна.“Групата е многу комплицирана, но ако победиме над Рубин тоа ќе биде огромен чекор за нас. До крај ќе имаме уште две гостувања во Казан и Киеви тоа по многу лоши времиња и убеден сум дека Интер се многу поопасни на гостински терен отколку на домашен, затоа е и многу значајно да се победи Рубин.““Знаеме дека не можеме нонстоп да победуваме. Имам голема доверба во овој состав бидејќи тие на секој натпревар играат одлично. можеме се уште да напредуваме, но мора д…

Окт 20, 2009

Извлечени паровите за баражот за СП 2010 од Евро зоната

Во Цирих беа извлечени паровите од европаксата зона за баражот за СП 2010 во Јужна Африка.Првите натпревари се играат на 14-ти, а реваншите се на 18-ти ноември. Русите може добија најлесен противник, а дефинитивно најинтересни треба да бидат дуелите меѓу Ирска и Франција, како и оној на БиХ со Португалија.Франција, Португалија, Русија и Грција беа носители во овој ждреб.Еве ги паровите:Република Ирска – ФранцијаПортугалија – Босна и ХерцеговинаГрција – УкраинаРусија – СловенијаВо истите термини ќе се одигра и американскиот бараж, каде Костарика се сретнува со Уругвај. Додека на 14-ти ќе се …

Окт 19, 2009

Џенсон Батон, светски шампион

На претпоследната трка од светското првенство во Формула 1 возена во Бразил на стазата покрај Сао Паоло победата ја однесе Марк Вебер возачот на Ред Бул, додека Џенсон Батон теоретски ја осигура шампионската титула на една трка пред крајот на првенството.Веќе од самиот старт трката беше возбудлива. Рубенс Баричело ја поведе колоната задржувајќи ја првата позиција, додека зад неговиот грб Кими Раиконен дојде до третата позиција. Потоа тргна да го нападне и Вебер, но удри во неговата гума и го скрши предното крило.На истото место и Јарно Трули се обиде од надворешната страна да го помине Адри…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top