Ное 20, 2019

ЗАПОЧНА СПОРТСКАТА ЛИГА ВО ФУТСАЛ ЗА ПИОНЕРИ

Спортската лига во Футсал за пионери (првото коло) започна денес во балон салата “Климент Колески”. Во рамки на првото коло се постигнаа следните резултати: ОУ Живко Чинго Велгошти- ОУ Св.Климент Охридски 2:1ОУ Братство Единство – ОУ Григор Прличев 0:1ОУ Христо Узунов -ОУ Ванчо Николески Лескоец 1:1ОУ Кочо Рацин – ОУ Св.Наум Охридски Пештани 4:1 Во понатамошен период ќе се одиграат и наредните кола. Дополнително во календарот со активности на Сојузот на училишен спорт Охрид, се предвидени натпревари во шах, пинг понг, одбојка и кошарка.

Окт 8, 2010

Каролин Возниацки број 1 на ВТА

Со победата над Петра Квитова на Отвореното првенство на Кина во тенис и пласманот во четвртфиналето, Каролин Возниацки го презеде првото место на ВТА листата од Серена Вилијамс.Возниацки е дваесетта тенисерка која станала бр. 1 без да победи на Грен слем турнир, а само трета во последните две години. На Отвореното првенство на САД Возниацки беше на чекор од освојување својот прв Грен Слем, но загуби од Ким Кластерс.Во кариерата Каролин Возниацки победи вкупно на 11 ВТА турнири, од кои само оваа година на пет. Тоа ја доведе на првото место, со оглед дека Серена не настапува поради повреда. …

Сеп 30, 2010

Контадор:„Месото е виновно за позитивниот тест“

Во анти-допинг лабораторијата во Келн, на тестот кој бил направен на 21 јули во урината на Контадор пронашле „многу мала“ количина на забранетата супстанца кленбутерол.„Ова со што сега се соочувам е јасен случај на контаминација со храна“, рече на денешната прес конференција, која ја организираше во својот роден град Пинто, Алберто Контадор.Шпанскиот велосипедист меѓудругото рече дека месото го консумирал за време на денот предвиден за одмор. Тој тврди дека поплаки на хотелската храна имало од целиот тим кој бил сместен во хотелот во Франција. Времената суспензија која му ја изрече Светскат…

Сеп 23, 2010

Кај ти е камерманот бе?

ESPN веројатно ви асоцира на познатата моќна спортска телевизија, која се гледа и има студија во еден куп земји во светот. Ама некогаш, и нејзините новинари се препуштени на самите себе. За среќа, барем наидуваат на разбирање на оние околу нив.Репортерот на бразилската ESPN тв дојде на Емирати во Лондон да направи репортажа за натпреварот во ЛШ меѓу Арсенал и Брага, но без камерман, тон мајстор и слична техничка помош – само тој и камерчето :)Нормално, расположените навивачи на топџиите ја бендисаа оваа слика и прилика на вреден новинар, па му помогнаа со мала песна…{hwdvideoshare}id=1012…

Сеп 17, 2010

Езерско дерби во недела

Дуваат нови ветришта во Охридскиот фудбал. Ф.К „Охрид 2004“ од Охрид во недела игра натпревар од 6-то коло на втората фудбалска лига. На домашен терен тие ја пречекуваат екипата на струшкиот „Влазними.“Новиот тренер на клубот, Зоран Ѓоревски – Џајо кој пред неколку месеци е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004, изјави дека крајно време е да се врати фудбалскиот клуб во прва лига.Во врска со неделниот натпревар Ѓоревски кажа дека само со победа ќе се оправадаат пред симпатизерите на овој клуб. Тој изрази голема благодарност до локалната за досегашните услови во кои работат, додавајќи дека…

Сеп 15, 2010

Фудбалери фантоми

ФИФА го истражува пријателскиот натпревар меѓу Бахраин и Того, откако фудбалската асоцијација на вториве соопшти дека воопшто не ја испратиле својата репрезентација да игра на таков меч.Фудбалските сојузи на двете земји и Меѓународната фудбалска федерација истражуваат што всушност се случило на 7-ми септември во градот Рифа во Бахраин, откако домашната репрезентација се посомневала во формата на противниците.Претставници на Фудбалската асоцијација на Бахраин тврдат дека натпреварот бил организиран преку агент со кој до сега соработувале и кој ја имал комплетната потребна документација, заед…

Сеп 11, 2010

ВИДЕО:Ова е најглупиот голман на светот

Трагикомичен пенал ни стигнува од Мароко. Голманот на ФАР Рабат, Калид Акри прописно се осрамоти на утакмицата со Магхреб Фез. Имено, откако го одбрани пеналот прерано почна да се радува свертувајќи се накај публиката. Во исто време топката имаше други планови, па со неверојатен фелш си влезе во голот.{hwdvideoshare}id=998|width=300|height=225{/hwdvideoshare}{loadposition content9}

Сеп 8, 2010

Зошто Хрватите се „навлекоа“ на женско ватерполо?!

Во Загреб на базените Младост се одржува 29-то Европско првенство во ватерполо. Додека ватерполистите ги мамат женските погледи со своите набилдани тела и интересни тетоважи, нивните колешки ватерполистки, во жарот на борбата покажаа многу повеќе. Имено тегнењето на костимите за капење во текот на натпреварот завршува со голи гради и задници. Се разбира, тоа резултира со полна сала и задоволни „љубители на овај спорт“ кои во последно време во Загреб ги има се повеќе.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top