Јул 28, 2011

Oтворено Европското првенство во кошарка за кадети

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, синоќа официјално беше прогласено за отворено Европското првенство во кошарка за кадети во Б дивизија.Честа свечено да го отвори првенството ја имаше градоначалникот Зоран Заев кој воедно и истакна:- Вечерва кога Струмица и овој плоштад се Европа во мало, задоволство е да се биде Струмичанец но задоволство е и да се биде градоначалник кој во името на сите граѓани има можност да ви посака топло добредојде во нашата убава Струмица, истакна Заев.Гордост е да се биде домаќин на вака еминентен настан како што е европското првенсво во кошарка за кадети во Б…

Јул 27, 2011

Се е подготвено за Илинденската регата

Официјалниот старт на регатата на кој се очекува да учествуваат преку 100 едрилици од Македонија, Србија, Абанија , Црна Гора и Турција ќе биде на 31 јули (недела) во 10.30 минути. Од ЕКлубови Бофор и Стрмец одамна се одржуваат подготовки за регатата, со цел нашите екипи да се покажат во најдобро светло. Дел од учесниците задоволни од досегешниот тек на подготовки.Веќе неколку денови во Охрид финалните подготовки з арегатата ги прават и екипи од Србија, поточно натпреварувачите од Едриличарскиот клуб од Ниш. Претседателот на клубот Зоран Радосавлевиќ за ТВМ вели дека на Илинденската регата …

Јул 27, 2011

Нашите кошаркари втори во Птуј

Нашите најдобри кошаркари го освоија второто место на турнирот „Примус“ кој се одржа во словенечкиот град Птуј.По поразот од победникот на турнирот Словенија со 83:71 на стартот, избраниците на селекторот Марин Докузовски славеа со 66:57 против Полска, која претходно изгуби од домаќинот.Следна поголема проверка за формата на нашите кошаркари во пресрет на ЕП во Литванија ќе ја имаат на турнирот во Бормио викендов. На овој турнир ќе земат учество и кошаркарските репрезентации на Канада, Бугарија и домаќинот Италија.

Јул 27, 2011

ЧАО за Батиста

Во понеделникот Батиста имал средба со Извршниот комитет на Аргентинската фудбалска федерација и на неа било донесено решение тренерот да ја напушти позицијата.”Извршниот комитет одлучи да го раскине договорот со Батиста”, соопшти портпаролот на АФА, Енрике Черкис Биало.Батиста го презеде кормилото на Аргентина од Диего Марадона по неуспешните настапи на Светското првенство во Јужна Африка минатата година. Тој прво беше назначен за привремен тренер, а подоцна потпиша перманентен договор. Со големи амбиции влезе на Копа Америка каде не се прослави. Аргентина едвај ја мина групата, а испадна …

Јул 25, 2011

Голем интрес за изучување на тајните на едрењето

Седма година по ред како опстојува школата за едрење. Од година во година интересот кај децата се поголем за изучување на тајните на едрењето.Годинава дел од оваа школа се деца не само од Охрид, туку и од Скопје, но и од Торонто – Канада, но и од Италија. Новите едриличари со задоволство раскажуваат да нивните први искуства со едриличарите.„Како и секоја година идните едриличари најпрво ги запознаваме со теротскиот дел, поточно со основните делови за едрилиците, ветровите, за потоа и практично да започнат да едрат. Најпрво влегуваат во едрилица со поискусните, откако ќе видиме дека се подго…

Јул 18, 2011

Парагвајките покажуваа, Бразилците промашуваа

Навивачките на Парагвај предводени од Лариса Рикелме продолжуваат да ги воодушевуваат љубителите на фудбалот, па и оние кои не се заинтересирани баш за фудбал.Тие на вечерашниот натпревар против Бразил имаа можност да се радуваат по триумфот, но не испуштија ниту да покажат дел од раскошните атрибути, па дури и повеќе од тоа што светот очекуваше да го види. Парагвај стигна само до полуфиналето засега, а Парагвајките веќе почнаа да се соблекуваат. Можеме само да замислиме што би се случило дококолку триумфираат на Копа Америка.  {loadposition content9}

Јул 15, 2011

Македонските едриличари во четвртата квалитетна група на ЕП

Неодамна во Воркум, Холандија заврши Европското првенство во едрење во класара Ласер 4.7. Од предвидените  шест натпреварувачки дена, се едреше само три дена, а се одржаа седум регатни трки. Во променливи временски услови и доста студено време за овај период на моменти многу јак ветар, дожд и без ветар се одржа првенството.Македонските едриличари се пласираа во четвртата квалитетна група Ердал Лушо на 34-то место, Димитар Поп-Стефанија на 65 то место, кога изгуби десетина места поради хаваријата на едрилицата во последните две трки.Нашите едриличари сепак задоволни од овој прв настап во едн…

Јул 8, 2011

Започна ЕП во кошарка за јуниорки

Охрид побогат за уште едно спортско искуство. Скромно и без помпа, сионќа прогласено за отворено Европското првенство за девојки до 20 години во Б дивизијата. Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, првенството го отвори Градончалникот на Општина Охрид Александар Петрески. градоначалникот Петрески потенцира дека ова претставува можност за Република Македонија да организира уште еден значаен спортски настан. Така во наредните девет дена, единаесет европски кошаркарски репрезентации и над 500 кошаркарки ќе се борат за првите две места на првенството. Претставникот на меѓу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top