Фев 9, 2012

Избрани најдобрите спортисти од Охрид за 2011 год

Сојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година.  За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски.„Искрено не очекував да бидам избран за спортист за 2011 за Охрид. Очекував екипните спортови да ги завземат првите три места. Пресреќен сум за овој избор многу повќе ми значи од сите државни првенстав кои ги имам освоено и сите купови за 2011 год. кога бев избран за надобар стрелец во категорија сениори пушка, но ова признание ми значи многу повеќе бидејќи за да го освоиш ова признание треба да си најдо…

Фев 6, 2012

„Украдената“ маичка на Ноле купена за 5.500 долари

Маичката на светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, која по завршувањето на финалниот дуел на Австралија Опен и беше буквално откраднат од пред рака на 14-годишната Мелиса Кук повторно заврши во нејзините раце откако на една аукција мајката на Мелиса се одлучи да ја откупи за 5.500 долари од омразената Џоел Ротшилд која ја грабна пред тинејџерката.Случајот со маичката на Новак Ѓоковиќ ја поткрена австралиската јавност. Мелиса Кук ги доби симпатиите на австралиската нација, а нејзината тага по загубениот сувенир стана топ сторија во оваа земја.Откако „крадецот“ Џоел Ротшилд пак изјави дек…

Фев 6, 2012

Блекбурн потпиша договор со осумгодишно девојче

Англискиот премиерлигаш Блекбурн потпиша договор со осумгодишното девојче Лили Лоусон, кое на 14 натпревари постигна дури 70 голови. Ова и не би била толку интересна приказна доколку малечката Лили не тренира со машкиот тим на Блекбурн на нејзина возраст. Информациите од Островот велат дека се работи за неверојатен фудбалски талент. Таа досега настапувала за Клекхитон, а некои медиуми цинично пишуваат дека Лили би можела веднаш да заигра и во сениорскиот тим на Блекбурн, со оглед дека конкуренцијата во составот е катастрофална. Секако, овие написи доаѓаат по дебаклот што Блекбурн го доживеа…

Фев 3, 2012

И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон

Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти ќе бидат рангиран…

Фев 2, 2012

Црн ден за фудбалот

Претседателот на Египетската фудбалска федерација Самер Захер го суспендираше државниот шампионат по крвавите немири по завршувањето на мечот меѓу Ал Ахли и Ал Масри, во кои животот го загубија над 74 навивачи, околу 1000 се повредени, од кои 150 потешко. Тој најави и итно формирање на комисија која ќе поведе истрага за крвавиот инцидент.Владејачкиот Врховен воен совет прогласи во Египет тридневна жалост, а поради немилите настани итни седници ќе одржат Владата и Парламентот на северноафриканската земја. Денеска се планирани и протести поради неспособноста на полицијата да го спречи насилст…

Фев 1, 2012

Кој се шегува на сметка на нашиот Пандев?

На последниот ден од преодниот рок Англичаните решија да се пошегуваат на сметка на актуелниот европски шампион Барселона, но и на нашиот репрезентативец Горан Пандев. На интернет-страницата „Скајбет“ на Sky Sports денеска се појави информација дека Барселона платила неверојатни 83 милиони фунти за услугите на нашиот најдобар фудбалер. Англичаните дури лажирале и изјава од тренерот Пеп Гвардиола, кој говори за квалитетите на Пандев.Изворната сторија ТУКА.{loadposition content9}

Јан 31, 2012

80.000 кучиња убиени во Украина во пресрет на ЕУРО 2012

Украина попушти пред притисокот од западните групи за заштита на животните и прогласи крај на убивањето кучиња-скитници со цел да се исчистат улиците пред претстојното европско првенство во фудбал.Украина престана да ги убива кучињата-скитници. Министерот за екологија изјави дека наместо да ги убиваат, ќе градат прифатилишта за незгрижените животни.80.000 кучиња беа убиени на улиците во Украина минатата година, најчесто со труење или со вбризгување смртоносни инјекции, што ги разгневи локалните и меѓународните групи за заштита на животните. Има информации и за постоење на таканаречени „убис…

Јан 30, 2012

На Мекејлеб му е удобно во Европа, НБА ќе почека

Бо Мекејлеб продолжува да го привлекува вниманието на кошаркарската јавност. Тој е еден од најдобрите стрелци во Евролигата каде минатата недела беше прогласен за МВП на ова натпреварување откако со 25 поени го растури Реал Мадрид.Се очекува ова лето Мекејлеб да биде во фокусот на неколку екипи од НБА лигата, но во интервју за Hoopshype тој изјави дека барем за сега нема намера да ја напушти Европа.„Следната сезона ќе останам во Европа. Тука имам успеси и сакам да продолжам во тој стил. Се чувствувам многу удобно тука и веројатно сега и не е баш најдобро време да си заминам.“„Бев потценуван…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top