Фев 4, 2013

Џерард е најдобриот англиски фудбалер

Капитенот на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација, Стивен Џерард, е избран за најдобар играч во Англија за 2012 година во изборот на ФА. Фудбалската Асоцијација на Англија овој избор го организираше со гласање на стручни лица од сферата на фудбалот, но и на фановите по пат на интернет, па така овојпат гласаа преку 180.000 навивачи, најмногу по 2003 година, кога ова признание му припадна на Дејвид Бекам.За најдобар млад фудбалер на Англија беше избран Џордан Хендерсон, исто така од Ливерпул, со што овој клуб, интересно, ги има најдобрите англиски фудбалери за 2012 година, во кој…

Фев 4, 2013

Балотели му донесе победа на Милан

Марио Балотели дебитираше со два погодоци и му донесе победа на својот тим против Удинезе (2-1) во последниот натпревар од 23. коло од Серија А.На Марио Балотели му требаа точно 24 минути и 17 секунди да го постигне својот премиерен погодок во дресот на Милан. Марио погоди во вториот удар кон голот, додека за споредба, оваа сезона во Премиер лигата во 34 обиди постигна само еден погодок за Манчестер Сити. Стефан Ел Шарави се проби по левата страна, топката стигна до Балотели кој со лева нога прецизно биеше и погоди за водство на Милан.Удинезе изедначи во 55. минута со голот на Пинци кој шут…

Јан 31, 2013

Јирген Клоп ќе биде новиот Мурињо

Јирген Клоп, одличниот фудбалски стратег од клупата на германскиот првак Борусија Дортмунд, веќе подолг период бележи резултати за почит.Со оглед на неговиот темперамент, многумина го споредуваат со португалскиот колега Жозе Мурињо, шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид.Па така, би можеле да заклучиме дека на Каталонецот Пеп Гвардиола, кој во јуни ќе го преземе Баерн Минхен, можеби и нема да му недостига ривалството со Мурињо.Самиот Клоп, кој е обожуван од навивачите токму поради фактот што целосно се внесува и „активно учествува“ во секој натпревар, вика, скока, неизбежно „разговара“ со с…

Јан 31, 2013

Се знае името на новиот болид на Ferrari

Ферари го крсти болидот за новата сезона во Формула 1 со името F138 во чест на V8 моторите. Бројот 13 е вклучена пред 8 поради оваа календарска година, објавија официјално од Скудерија.Осумцилиндарските мотори кои се користат од 2006 година наваму, ќе бидат заменети следната година со 1.6 литарски турбомотор со шест цилиндри.Новиот болид на Скудерија ќе биде официјално претставен на јавноста овој петок во Маранело од пилотите на тимот Фернандо Алонсо (Шпанија) и Фелипе Маса (Бразил).Сезоната во Формула 1 стартува на 17 март со Големата награда на Австралија на патеката “Алберт Парк” крај Ме…

Јан 30, 2013

Карабатиќ повторно пред суд

Францускиот ракометар Никола Карабатиќ сослушан е вчера пред судот околу случајот со обложувањето на натпревар на својот Монпеље на крајот од минатата сезона.Еден од најдобрите светски ракометари го повтори сведочењето од претходно повторно отфрлајќи ги наводите дека се обложувал, и покрај тоа што француските медиуми изминативе недели презентираа наводни докази кои го демантираат тоа.Карабатиќ пред судот се појави заедно со својот адвокат и искажа разочарување што поедини тајни детали од истрагата се појавиле во јавноста.„Се мина во најдобар ред. Ниту еден момент не бев загрижен. Среќен сум…

Јан 30, 2013

„Апетитите“ на Азаренка

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка (23) го освои првиот Грен слем оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија Опен 2013, нејзин втор трофеј во кариерата од ова натпреварување, а тука нема намера да застане со добрите резултати.Со победата над На Ли во финалето во Мелбурн, Белорусинката и прва тенисерка на светот (ВТА) ја одбрани титулата на АО од ланската година.“Навистина сум среќна, но беа тоа помалку чудни солзи радосници. Тежок е патот до освојување на Грен слем, мора да се даде огромен кредит на секој кој ќе освои еден или два, не е важно. Амбициите секогаш растат после секој…

Јан 29, 2013

Прогласени спортистите на годината

Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината. На гала свеченоста во Македонската опера и балет двете спортски ѕвезди беа избрани за големите постигнувања во 2012 година.Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал и собори светски рекорд, додека Мојсоски со ракометната репрезентација на ЕП во Србија го освоија 5. место, а со Металург имаа сезона за паметење во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство ја освоија титулата.За најуспешен спортист во странство е про…

Јан 29, 2013

Лотус го претстави својот F1 болид

Тимот на Лотус е првата Ф1 екипа која го претстави својот нов Е21 болид за претстојната сезона.Болидот и беше претставен на јавноста преку официјалниот YouTube канал на тимот. Неговиот изглед нема некои поголеми изненадувања, сличен е на минатогодишниот, има степенест нос, малку подобар избор на бои, па може да се каже дека Кими Раиконен ќе вози прилично убав нолид.„Можам да ви гарантирам дека направивме многу. Целиот тим работеше со срце и душа долго време на него. Убаво е што први го лансиравме. Има уште многу работа на него, но ќе биде возбудлив болид”, изјави техничкиот директор Џејмс А…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top