Фев 26, 2013

Шест месеци пауза за Манасков

Повредата на крилото на Металург Дејан Манасков, која ја заработи на дуелот од групната фаза на Лигата на шампионите против Силкеборг, е многу посериозна отколку што се очекуваше.Прегледите покажаa дека младиот ракометар ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, па сигурно ќе отсуствува од терените во наредните 6 месеци.„За жал, повредата на Дејан Манасков е од посериозен карактер и тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Кај Дејан е констатирана повреда на предните вкрстени лигаменти и тој подолго време ќе отсуствува од ракометните терени. Единствено радува фактот што периодот н…

Фев 25, 2013

Карамбол во Дејтона, 33 повредени

На трката Дејтон 500 во НАСКАР серијата се случи голема несреќа, откако во финишот се запали автомобилот на дебитантот Кајл Ларсон, а делови од него се најдоа на централната трибина по што се повредени 33 лица, 14 од нив се надвор од животна опасност, додека еден од повредените е во критична состојба. Автомобилот беше целосно демолиран, а на местото каде што удри во оградата беше направена голема дупка. -Петнаесет лица се пренесени во болница, на исто толку им се укажа лекарска помош на самата трибина, а едно е во критична состојба. Ова беше сериозна несреќа, но постапивме според сите прото…

Фев 25, 2013

Федерер најави двомесечна пауза од тениските терени

По завршувањето на турнирот во Индијан Велс на 17 март, Роже Федерер ќе направи пауза од 2 месеци. Неговото враќање на тениските терени тој го најави за мај кога ќе се одржи турнирот во Мадрид.Вториот тенисер на светот како причина за паузата ја наведе потребата да му се посвети на семејството, но и подготовките кои ќе му помогнат да ја одржи формата на патот кон неговата 18-та Гренд слем титула.„Не можам да играм исто како и минатите години. Немам веќе 22 години кога можев да играм на 25-30 турнири годишно. Ѓоковиќ, Мареј и Надал се на врвот од нивните кариери, а мојата ситуација сега е то…

Фев 22, 2013

Уапсен кралот на местенките?

Медиумите во Италија јавуваат дека на аеродром е уапсено лице кое било осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.Лицето било уапсено веднаш штом пристигнало од Сингапур, при што осомничениот доброволно им се предал на властите. Се работи за словенечкиот државјанин Адмир Сулиќ кој бил следен од Интерпол, а е осомничен дека е поврзан со организацијата за местење натпревари со седиште во Сингапур.Од Интерпол се сомневаат дека тој бил поврзан со групата за местење натпревари која е предводена од бизнисменот Тан Сит Енг.{loadposition content9}

Фев 22, 2013

Македонскиот млад кошаркар Довјакоски, наскоро во кампот на Џордан

Македонскиот кошаркарски талент, Оливер Двојаковски, добил покана да учествува во еден кампот на Мајкл Џордан, кој е еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот. Младинскиот репрезентативец на Македонија веќе две години настапува за Кахасол од Севиља.Европското издание на кампот на Џордан ќе се одржи во Барселона од 1. до 3. март. Покана за учество во кампот, според прецизна селекција добија 40 најталентирани европски кошаркари родени 1997 година. На „Џордан Бренд“ Европскиот Камп, во текот на трите дена, Оливер Двојаковски ќе има можност да работи со некои од најквалитетнит…

Фев 21, 2013

Џон Фич избркан од ултимејт федеарцијата

Поранешниот предизвикувач во велтер категорија, Џон Фич и 15 други борци беа отпуштени од страна на УФЦ. Оваа информација ја потврди сопственикот Дана Вајт.Иако според многумина Фич е злогласен ултимејт фајт борец кој редовно приредува досадни мечеви, станува збор за човек кој е во УФЦ од 2005 и со години е меѓу Топ 5 борците во својата категорија. Во претпоследниот настап импресивно го совлада Ерик Силва, додека во последниот меч со одлука загуби од Демиан Маиа Баптиста од Бразил.Вкупниот скор му е 24-5-1, а во УФЦ има одличен биланс (14-3-1). Познато е тоа дека Фич не е секогаш во најдобр…

Фев 20, 2013

Ќе вози ли Даница формула 1?

Даница Патрик го привлече вниманието на медиумите и луѓето во моторспортот откако стана првата жена што освоила пол-позиција на Дејтона 500.Предходно 30-годишната Патрик, која што е популарна во американскиот моторспорт, изјави дека не е заинтересирана за влез во Формула 1, но можно ли е да се случи тоа?“По околу 10 години. Му кажав на Берни Еклстоун дека е глушав што не ангажира жена во Формула 1. Доколку успееме да внесеме жена во топ 6, тогаш ќе се дуплира бројот на фановите пред малите екрани.” – изјави Ники Лауда.Сепак, трикратниот Ф1 шампион се сомнева дека Патрик е вистинската жена з…

Фев 20, 2013

САД бара град кандидат за ОИ 2024

Олимпискиот комитет на САД објави дека испратил писмо до граданачалниците на 35 градови од оваа земја околу организацијата на Олимписките игри во 2024 година.Како што се наведува, писмото до градовите нема да гарантира дека тие ќе влезат во потесниот избор кандидати, туку дека тоа е почетен чекор кон таква можност.Олимпискиот комитет испрати писмо на адреса на 25 најголеми градови во САД, како и десет други. Градовите имаат рок од две години да одлучат дали ќе влезат во трка.Чикаго не успеа во обидот да ги организира Олимписките игри 2016, додека Њујорк испадна од трката за 2020 година. Пос…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top