Апр 1, 2013

Нов државен рекорд во стрелање низ нишанот на Михаил Шишкоски

Михаил Шишкоски е  трикратниот државен првак и репрезентативец од стрелачкиот клуб „Охрид“ кој деновиве постигна одличен успех. Со 594,5 погодени круга, Шишкоски успеа да го собори државниот рекорд во стрелање со воздушна пушка, и не само да го собори туку и да го подобри за цели 6,2 поени. Тој вели дека е навистина среќен што успеал да го постигне ова големо достигнување особено што тоа е остварено во сериозна конкуренција.„На овој натпревар учествуваа сите клубови што се натпреваруваат во меѓународна програма од Република Македонија. Конкуренцијата беше голема, но исто и мојата мотивација…

Апр 1, 2013

Мареј втор на АТП листата

Британецот Енди Мареј го освои турнирот во Мајами, откако во драматичното финале го совлада Давид Ферер со 2-6, 6-4, 7-6, а со тоа успеа да се искачи и на втората позиција на ранкингот на најдобри светски тенисери. Тој успеа да се извлече во дуелот со Ферер, ако се знае дека Шпанецот имаше 6-5 во гемови во третиот сет, а се чини дека пресуден момент беше погрешниот обид за „око соколово“, што како да го урна Ферер. По големата борба, двајцата тенисери едвај стоеја на нозе, на доледувањето на пехарите. „Ова е важен момент за мене. Морам да му честитам на Ферер затоа што беше фантастичен. Мно…

Апр 1, 2013

Ди Канио на чело на Сандерленд

Контроверзниот 44-годишен италијански стратег Паоло Ди Канио ќе го замени на клупата на Сандерленд, Мартин О’ Нил, кој доби отказ заради серијата лоши резултати.Челниците на Сандерленд се решија на таква одлука бидејќи под водство на О’ Нил, тимот осум кола беше без победа. Ди Канио ќе има тешка задача да ги спаси „црните мачки“ од испаѓање во понизок ранг. Сандерленд моментно е еден бод над зоната за испаѓање.Ди Канио во февруари го напушти третолигашот Свиндон заради несогласување со управата на клубот. Претходно клубот од четвртата го внесе во третата лига.„Единствен фокус во наредните с…

Мар 29, 2013

Почина скијачката легенда, Борис Стрел

Првиот Словенец освојувач на златниот медал во Светскиот куп, Борис Стрел е пронајден мртов во четвртокот.Словенечката полиција соопшти дека смртта на 53-годишниот Стрел не била насилна.Стрел беше специјалист за велеслалом. Во Светскиот куп во велеслалом победи во Кортина Д Ампецо во декември 1981. година. На Светското првенство во Шладминг во 1982 година го освои бронзениот медал, што беше прв медал на СП во скијање во југословенската историја.На Олимписките игри во Сараево во 1984. година заврши на петтата позиција. Со скијањето престана по крајот на сезоната 1984/85, по што се вклучи во …

Мар 29, 2013

Лионел Меси пред нов рекорд?

Аргентинскиот интернационалец во редовите на Барселона, Лионел Меси, може да постигне ново рекордно остварување во шпанскиот фудбал.Напаѓачот има шанса да биде првиот играч во шпанското првенство кој успеал да им даде гол на сите тимови во последователни натпревари. Каталонците во првиот ден од викендот ќе гостуваат кај Селта Виго на стадионот „Балаидос”.Ако аргентинскиот репрезентативец постигне погодок во мрежата на тимот од Виго, тоа ќе биде 19-тиот првенствен дуел за Меси во кој тој постигнува барем по еден гол. Најдобриот играч на Барса досега во Примера дивизион има реализиарно 42 гол…

Мар 28, 2013

Кризата во велосипедизмот се продлабочува

Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“.Сепак, еден од најголемите ривали на Ленс Армстронг додава дека овој пат нема да го следи детронизираниот Американец и јавно да признае дека злоупотребувал стимулативни средства.„Секој може за себе да создаде слика околу она што се случи во последните неколку месеци во велосипедизмот. Јас придонесов за сето тоа со мојата улога“, загадочен е Улрих.„Ленс Армстронг и многумина други ја раскажаа својата приказна и мин…

Мар 27, 2013

Томи Хас го „преслуша“ Ноле

Новак Ѓоковиќ го одигра најлошиот натпревар во кариерата и загуби во 4. коло на турнирот во Мајами од Томи Хас со 2-6, 4-6.Ноле почна да игра дури при резултат 6-2, 2-0 за Хас, кога во два гема спаси четири прилики за брејк и направи пресврт.Сепак, Германецот не застана тука, освои три гема по ред и по 80 минути игра успеа да го елиминира најдобриот тенисер на светот.За играта на Ѓоковиќ зборува податокот дека имаше дури 30 неизнудени грешки, додека Хас имаше 12 помалку. {loadposition content9}

Мар 27, 2013

Болт разочара на 400 метри

Олимпискиот и светски шампион во спринт, Усаин Болт, доживеа пораз на трката на 400 метри на митингот во Кингстон. Тој ја мина патеката за време од 46.44 секунди, што беше за 65 стотинки послабо од првопласираниот Николас Мејтланд. Интересно е дека и вториот најбрз спринтер од Јамајка, Јохан Блејк, исто така беше поразен на 400 метри во друга трка. Тој трчаше со време од 46.33 секунди и беше девет стотинки побавен од победникот Алодин Фадерџил. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top