Апр 12, 2013

Маса најбрз на тренингот во Кина

Возачите на Мерцедес и Ферари Нико Розберг и Фелипе Маса беа најбрзи на првите тренинзи пред трката за ГН на Кина, трета сезонава во формула еден. Розберг оствари најдобро време на првиот, кога за скоро половина секунда зад себе го остави клупскиот колега Луис Хамилтон, трет беше Марк Вебер.На вториот тренинг Маса постави најдобро време пред Кими Раиконен и Фернандо Алонсо. Трката за ГН на Кина на програмата е во недела во 9 часот.{loadposition content9}

Апр 11, 2013

Маратонецот Петар Стојчев стана министер

Пливачкиот единаесеткратниот победник на Охридскиот маратон, бугаринот Петар Стојчев, стана министер. Сега се отвара можност за нов победник на оваа спортска манифестација.Стојчев на македонската спортска јавност ѝ е познат по својата доминација на Охридскиот маратон, на кој победи 11 пати последниве 12 години (седум пати во низа од 2006 до 2012 година) и е рекордер на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, па назначувањето за министер, меѓу другото, значи дека неговите ривали, пливачите што настапуваат на Охридскиот маратон ќе можат да здивнат и конечно да победат.Стојчев е 11-крат…

Апр 11, 2013

Македонскиот фудбал ја фати „удолницата“

Фудбалската репрезентација на Македонија, сосема очекувано, после двата пораза од Белгија во квалификациксиот циклус за престојното СП 2014, доживеа пад од десет позиции на најновата ФИФА ранг-листа.Нашиот национален тим е на 83. позиција со 441 бод, најблиску до нас, кога се во прашање противниците во квалификацискиот циклус е репрезентацијата на Шкотска која е на 77. позиција.Скок од 20. места забележа селекцијата на Велс која сега е на 49. позиција. Пад од пет позиции забележа репрезентацијата на Србија која е на 40. место, а Белгија е на одличната 16. позиција.Најголем напредок забележа…

Апр 10, 2013

Болидот на Ферари може до титулата

Фелипе Маса има се поголема и поголема доверба во својот тим и вели дека во текот на оваа сезона со сигурност ќе се борат за победи и за шампионската титула.По првите две трки од оваа сезона, Маса вели дека Ferrari покажале дека имаат темпо за да се борат за титулата со нивниот најголем ривал Red Bull.„Знам дека поминаа само две трки, но имам многу позитивно чувство за оваа сезона. Работата што ја завршивме во текот на зимата со F138 не однесе во вистинскиот правец и болидот има многу голем потенцијал. Секако дека секогаш сакам да се борам за победи, но тоа не ми успеа во првите две трки од…

Апр 8, 2013

Триумф на Лоренцо во Катар

Актуелниот шампион во кралската класа на Мото ГП шампионатот Хорхе Лоренцо триумфираше на отворањето на сезоната, односно на трката за Големата награда на Катар.Лоренцо до победата возена под рефлектори на стазата „Лосаил“, до својата 45-та победа во кариерата стигна со време од 42:29.802 минути, пред деветкратниот светски шампион Валентино Роси.На тандемот од Јамаха, на подиумот им се придружи Марк Маркез на Репсол Хонда кој го освои третото место во своето деби во најсилната класа.Првата трка оваа сезона ја одбележа доминацијата на Лоренцо, од самиот почеток, па се до крајот. Зад него се …

Апр 5, 2013

Ферари посакува триумф на патеката во Кина

Стефано Доменикали, тимскиот шеф на Формула 1 екипата на Ферари, изјави дека Фернандо Алонсо не може да си дозволи да остане без поени и на Гранд При трката за Големата награда на Кина.„Јасно е дека патеката во Шангај е сосема поразлична од онаа во Малезија и мораме да подготвиме нови надградби за нашиот болид со цел да го извлечеме максимумот. Имаме пауза во која што мораме да ги доведеме во ред сите работи бидејќи не можеме да си дозволиме да загубиме поени и во Кина”, потенцирал Доменикали.„Треба да го разбереме вистинското ниво на перформансите на нашиот болид. Првичните впечатоци се на…

Апр 4, 2013

Ќе биде ли побрз од Болт?

Неговото име е Рајан Горман и има само 14 години. По година и пол тренинг, веќе има побрзи резултатит од славниот Усеин Болт кога бил на негови години.Горман, иако само од неодамна започнал со тренинг, сепак на последната трка во градот Бирмингем во Англија, постигна побрзо време од тоа што постигнал јамајканецот Болт во истата категорија. Се работи за трка на 200 метри на натпреварувачи до 17 години, каде што Горман истрчал за време од 21,76 секунди, што е за 0,05 секунди побрзо од резултатот на Болт. Ова време е и европски рекорд за оваа категорија.Со оглед краткото време кое тренирал, се…

Апр 4, 2013

Срцето на Мурињо е во Интер

Тренерот на мадридски Реал Жозе Мурињо секогаш е во центарот на вниманието на светските меидуми. Шпекулациите околу неговото заминување од Реал и понатаму се топ тема.Една од нив е поврзана со неговото враќање во редовите на милански Интер. Мурињо се поврзува со враќање во клубот со којшто ја покори Европа во 2010. Година.-Сакам да се вратам во Интер еден ден, но не во ова лето. Тоа не е лажга, тоа е говорот на моето срце. Повторувам, сакам да се вратам во Интер, исто така како и што сакам во Англија, но тоа нема да биде идната сезона. Мојот следен клуб нема да биде Интер – изјави Португале…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top