Дек 4, 2013

После ова, сите ќе гледаат рагби

  Женскиот рагби тим на Универзитетот Оксфорд реши да го копира примерот на машкиот тим и да се фотографира за календар со стратешки поставени раце за да се задржи „пристојноста“. Со само рагби патики и чорапи на себе рагбистките се прошетаа низ Оскфорд за да соберат пари за добротворни цели. Календарот се продава 10 фунти, а средствата одат во „Пази ја главата“ кампањата на Оксфорд за кревање на свесност за менталните болести.„Беше супер бидејќи го направивме тоа за добри цели, но беше навистина студено“, вели 25-годишната студентка по право, Татјана Катс.{loadposition content9}

Дек 2, 2013

„Бомбата“ Наваро, ја постигна 1000-та тројка

Хуан Карлос Наваро уште еднаш покажа дека е легенда на шпанската, но и на светската кошарка. На натпреварот меѓу неговата Барселона и Сарагоса (73:50), ја постигна 1.000 тројка во шпанската лига.Популарниот „Ла Бомба“ на кратко го прекина мечот од 8. коло кога ја оствари величенствената бројка, а целата сала стана на нозе да ја прослави.Веднаш потоа Наваро ја постигна и 1.001 тројка.Скоро целата кариера ја мина во дресот на Барселона, чиј член е од 1997. година, а во сезоната 2007/08 се проба и во НБА лигата во екипата на Мемфис Гризлис.Со репрезентацијата на Шпанија има две европски титули…

Ное 28, 2013

Нема алкохол за австралиските олимпијци

Олимпискиот комитет на Австралија (АОК) денеска донесе одлука да им забрани на спортистите кои ќе ја претставуваат оваа земја на ЗОИ во Сочи, консумирање алкохол за време на нивниот престој во Олимпиското село.Во соопштението од АОК се наведува дека олимпијците ќе можат да се напијат само по една до две чашки надвор од Олипиското село и при тоа ќе мора да внимаваат на нивното одговорно однесување.- Со оваа одлука сакаме Австралија да се претстави достоинствено на Игрите во Сочи, изјави Јан Честерман кој ќе ја предводи австралиската делегација на Олимпијадата во Русија.Австралија на Летните …

Ное 26, 2013

Олимписко злато во Сочи, плус 122.000 долари

Русија ќе ги награди освојувачите на златните медали на Зимските олимписки игри во Сочи со 122 илјади долари, соопшти денеска владата на оваа земја.Предвидени се високи парични награди и за руските натпреварувачи кои ќе успеат да стигнат до сребрениот и бронзениот медал.За освоено второ место и сребрениот медал наградата е дефинирана на 76 илјади долари, додека „бронзата“ ќе вреди 46 илјади долари.Со овој потег Владата на земјата домаќин на ЗОИ следната година, сака дополнително да ги мотивира своите репрезентативци и да биде поправен впечатокот од Игрите пред четири години во Ванкувер (Кан…

Ное 25, 2013

Магнус Карлсен, светскиот шампион во шах

Норвежанецот Магнус Карлсен е новиот светски шампион во шах, откако во индискиот град Ченај, по 10 партии направи недостижна предност во дуелот со Индиецот Вишванатан Ананд, совладувајќи го со 6.5:3.5.Со белите фигури во 10-та партија играше 22-годишниот Карлсен, кој од јули 2011 година е на врвот на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Норвежанецот до титулата стигна со три победи и седум нерешени партии. Наградниот фонд за титулата изнесуваше 2.24 милиони долари, а Карлсен ќе добие 60% од оваа сума. {loadposition content9}

Ное 22, 2013

Рони Ракетата, дрогата, алкохолот и снукерот

Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О’Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш”.Легендарниот О’Саливен објави автобиографија во која ги опишува и контроверзните моменти од неговата кариера поврзани со алкохол, дрога и депресија.Тој тврди дека и покрај тоа што во приватниот живот имал проблеми, неговата професионална кариера била брилијантна и не му пречеле пијанствата и дрогирањето заради кои загуби и една титула.„Се сеќавам дека едвај чекав да заврши секое Светско првенство за да завршат и те…

Ное 22, 2013

Фредерик Кануте заврши со професионалниот фудбал

  Тој последните сезони од кариерата ги мина во Кина, во редовите на Беијинг Гуан, а истакна дека нема намера да го продолжи договорот со овој клуб и дека е подготвен за фудбалско пензионирање.Кануте во 2007 година беше прогласен за најдобар играч на Африка, а во кариерата постигна 232 гола на вкупно 581 одиграни натпревари. Во дресот на репрезентацијата на Мали постигна 23 гола на 39 натпревари, а интересно е дека претходно настапуваше за младата селекција на Франција, со оглед дека кариерата ја почна во Лион.{loadposition content9}

Ное 21, 2013

Шест години затвор за Мохамед Зидан

Поранешниот фудбалер на Вердер, Мајнц, Хамбургер и Борусија Дортмунд, Мохамед Зидан е осуден на шест години затвор во Египет поради измама на компанија при купување на недвижен имот.Според информациите на весникот „Ал Ахрам“, Зидан издал три чека со голем износ, со кои се обидел да ја измами египетската компанија за недвижности. Египјанецот во најсилната лига во Германија од 2005 до 2012 забележа 155 настапи и постигна 47 погодоци, а во почетокот на оваа година ја заврши својата фудбалска кариера. Зидан во сезоната 2012/2013 играше во Обединетите Арапски Емирари во клубот Банијас, а потоа р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top