Ексклузивниот снабдувач на гуми во Формула 1 – Pirelli, обезбедил поконзервативни гуми за 2014 година, како што беше кажано на крајот од штотуку завршената сезона. Компанијата доби зелено светло за тест на новите колекции во Бахреин во рок од три дена со Red Bull, Ferrari, Mercedes и Toro Rosso. Останатите тимови одбија да учествуваат.За време на сесиите ќе бидат тестирани неколку различни мешавини за соодветните видови на гуми, но сите се со кевлар појас. Pirelli го смени со челичен во почетокот на 2013 година, по што од ГП на Унгарија се наметна промена на смесите и повторно беше вратен к…
Неспортскиот гест упатен кон навивачите на Манчестер Сити младата ѕвезда на Арсенал ќе ја чини два натпревари неиграње по суспензијата која му ја изрече Англискиот фудбалски сојуз (ФА).Убедливиот пораз на Арсенал на гостувањето на „Етихад“ изминатава сабота покрај голеадата во која публиката виде дури девет погодока (6:3 за Сити), помина и во неспортскиот гест од страна на Џек Вилшер кон домашните навивачи.Англискиот репрезентативец во една ситуација им покажа среден прст на симпатизерите на Сити, нешто што не помина со санкција од главниот судија, но не им „избега“ на ТВ камерите.Во Арсена…
Светскиот шампион во тешка категорија, во верзијата на Светскиот боксерски совет (WBC), Виталиј Кличко реши да се повлече од спортот, за да може во целост да и се посвети на политиката.Управниот одбор на WBC го прогласи Кличко за почесен шампион и ги поддржа неговите политички активности во Украина. Титулата почесен шампион им се доделува на боксерите кои ја завршиле кариерата, во мометот додека биле шампиони, и воедно им остава можност да се борат за титулата веднаш, доколку решата да се вратат во рингот. Повозрасниот од браќата Кличко има 42 години и го носи прекарот ‘Железна тупаница’. В…
Популарниот Мрме на социјалните мрежи го потврди своето заминување по истекот на актуелниот договор на 31 јули и најави дека е време за нови предизвици.
– Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО.–изјави Ангеловски.
Ангеловски ќе остане запаметен како селектор со најдолг стаж на клупата и најдобар по успешност со вкупно 52 натпревари, од кои 23 победи, 11 нерешени и 18 порази.
Негов наследник на клупата најверо…
Меѓународната автомобилска федерација(ФИА) распишала конкурс за прием на 12 екипа која би се натпреварувала во формула 1 шампионатот од 2015 или 2016 година.Екипата ХРТ на крајот од 2012 година се откажа од учеството во Формула 1, па оваа година се натпреваруваа 11 екипи.
ФИА сака во предстојната сезона за титулата да се борат 24 возила.Заинтересираните екипи би требало до 3 јануари наредната година да ги испратат своите барања и да уплатат такса од 5 000 долари.„ФИА одлучи да распише конкурс за кандидати за натпреварувањето во Формула 1 од почетокот на 2015 или 2016 година.“ се наведува во…
Бразилскиот шампионат сега има нова муза. Се вика Крис Андраде и е претставничка на славниот Сао Паоло. Секоја година дваесетте клубови од најквалитетниот бразилски шампионат избираат своја претставничка, која станува заштитно лице на лигата, сето тоа под палката на агенцијата Globe Esported уште од 2006 година.Оваа година најмногу гласови доби токму, Крис Андраде победувајќи ја во финалето претставнчката на Интернационал Порто Алегре, Андреса Андреис.По изборот Андраде, која ја носи и титулата мис ’Бумбум’ вети дека ќе се соблече целосно, ако нејзиниот омилен тим, Сао Паоло, ја освои Копа …
Шампионот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел изјави дека е апсурдно новото правило на ФИА, според кое во последната трка во сезоната поените ќе се дуплираат.ФИА во понеделник соопшти дека со цел да се внесе неизвесност во шампионатот од 2014 година, на последната трка ќе има дуплирање на поените.-Ги почитувам старите правила и традицијата на Формула 1, но ова не го разбирам. На овој начин се казнуваат сите кои во текот на целата сезона се труделе. Замислете како би изгледало во последното коло на Бундеслигата поените да се дуплираат – рече Фетел.
Тој веќе четири пати постојано е шамп…
На годинешното генерално собрание на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) меѓу другото се одржа и изборот за претседател по кој со втор последователен мандат се здоби Жан Тод.Треба да се напомене дека всушност и немаше избор, бидејќи досегашниот претседател на FIA – Жан Тод, беше и единствениот кандидат на изборот. Можниот конкурент – Дејвид Вард не стигна до финалето од изборот, поради недоволниот број гласови на претходното гласање.Жан Тод ќе биде на чело на FIA во следните четири години . За претседател беше избран во 2009-та, а пред тоа беше шеф на Scuderia Ferrari во Формула…