Авг 9, 2021

Меси пристигна во Париз, наскоро потпис за ПСЖ

Лионел Меси е веќе во Париз и во следните неколку часови ќе треба да комплетира договорот со тимот на ПСЖ, јавува „Лекип“. Аргентинецот вчера имаше емотивна разделба од Барселона, а веќе денеска би можел да потпише. Промоцијата би можела да се случи утре на Ајфеловата кула, која е закупена од страна на ПСЖ. Договорот ќе биде на 2+1 година, а од тој договор Меси би требало да заработи некаде околу 120 милиони евра.

Фев 14, 2014

Кравите јабана, ама злато во Сочи

Американката сноубордерка Кејтлин Фарингтон го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Сочи во халфпајп.Голема заслуга за тоа имаат нејзините родители. Веќе десет години ја финансираат кариерата на нејзината ќерка Кејтлин во сноуборд.На почетокот имале фарма со 250 крави, а за да може да патува нивната ќерка, родителите секој пат продавале дел од нивното богатство. По десет години повеќе немаат ниту една крава. Но затоа имаат олимписка победничка.„Им благодарам на мама и тато. Затоа што кога останатите деца ми се смееја колку сум грозна, тие не се откажаа од мене“, изјави 24-годи…

Фев 14, 2014

Кандидат за медал доживеа несреќа

Еден од главните кандидати за златниот медал во слалом на зимските олимписки игри, Феликс Нојројтер (29), доживеа сообраќајна несреќа. Моментално вториот во светскиот куп во четвртокот тргнал за Сочи, но на пат кон Минхенскиот аеродром, од каде требаше да полета за Сочи, доживеа сообраќајна несреќа. Како што известуваат германските медиуми, автомобилот на Нојројтер изгубил контрола на автопатот, и удрил во заштитната ограда. Нојројтер е примен во болницата во Минхен, а информациите велат дека германскиот скијач ги повредил грбот и вратот, но не е познато во колкава мерка се повредите. Така …

Фев 14, 2014

Наредба од министерство

Дали се сите првенства од 2009 година па наваму нерегуларни, по наредбата која Хрватскиот фудбалски сојуз ја добил од Министерството за наука, образование и спорт на Хрватска. Наредбата е дака во рок од 15 дена Хрватскиот фудбалски сојуз мора да ги исфрли од лигата Локомотива и Хрватски Драговољац. Петар Сканси уште во декември нагласил дека спортската инспекција пронашла дека има голема поврзаност помеѓу Динамо и Локомотива, а два месеци подоцна стигнала и конечна потврда за тоа. Novi List пишува дека на адресата на Хрватскиот фудбалски сојуз стигнало решение од службата за спортска инспек…

Фев 13, 2014

10.000 демонстранти на улиците на Каракас

Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро се собраа вчера на протестите во Каракас, а лидерот на опозицијата Леополдо Полес порача дека ќе привлече милиони лица да излезат на улиците, со цел да се спротивстават на корупцијата и криминалот и да извршат притисок врз Владата да поднесе оставка. Во меѓувреме приврзаниците на Мадуро организираа контрапротести. Најмалку три лица загинаа, а 23 се повредени во протестите на антивладините и провладините приврзаници во главниот град на Венецуела, Каракас, јави Танјуг. Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро с…

Фев 13, 2014

100.000 кондоми за учесниците на ЗОИ во Сочи

Организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи не препуштаат ништо на случајот, па во трите олимписки села поделиле околу 100.000 кондоми за околу 2.900 натпреварувачи.Како една од причините за таквата одлука медиумите ја наведуваат и достапноста до бесплатен алкохол во центарот на селата каде се сместени олимпијците, па веруваат дека во моментите на опуштање може се да се случи.Американскиот сноубордер во слоупстајл стил Џош Кристенсен говореше за медиумите во врска со тие гласини.„Не гледав многу подалеку од нашата зграда во која сме сместени, но дефинитивно има преубави девојки. Секак…

Фев 13, 2014

Фетел од една сезона во F1, кешира 29 милиони евра

Возачот на „Ред Бул“ Себастијан Фетел 2013 година ја завршил со заработка од 29 милиони евра.Поголем дел од добивка на германскиот пилот во Формула 1 е од Фетел е од договори за спонзорство и бонуси – вкупно 17 милиони евра, додека годишната плата му е 12 милиони евра.Од тимот на „Ред Бул“ најавија дека во сезоната 2014 според договорот што го имаат со Фетел, премијата за одреден процент ќе му биде зголемена. {loadposition content9}

Фев 13, 2014

Протече крв во Сочи

Освојувачот на златниот медал на малата скокалница Полскиот скокач Камил Штох, паднал на тренингот на големата скокалница, но поминал со полесни повреди. “Добро е. Ќе биде спремен за натпреварувањето“ рекол тренерот на олимпискиот победник Лукаш Кружек. Штох при доскокот ја изгубил рамнотежата и паднал на глава и на рака. Од носот му протекло крв, додека со завои на раката го напуштил тренингот и е однесен на понатамошни прегледи во амбулантата на Олимпиското село. Многу полошо поминал Русинот Михаил Максимочкин, кој е пренесен на носила и морал со амбулантно возило да биде однесен во болни…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top